Скандалот „Калчоскомесе" во која претходно беа уапсени двајца Македонци, како и фудбалерите Џузепе Сињори и Кристиано Дони, синоќа доби свое продолжение.
Полицијата во јужниот италијанскит град Бари синоќа уапси дваесетина луѓе помеѓу кои се и девет фудбалери.
Еден од уапсените е фудбалерот на Аталанта, Андреа Масиело кој во минатото настапуваше за Бари, а останатите уапсени се фудбалерите Даниеле Портанова, Алесандро Паризи, Симоне Бентивољо, Марко Роси, Абделкадер Гезал, Марко Еспозито, Антонио Белависта и Никола Белмонте.
Тие се осомничени дека учествувале во местењето на натпреварите Бари-Лече, Палермо-Бари, Болоња-Бари, Бари-Киево, Бари-Сампдорија и Удинезе-Бари, кои се одиграле минатите две сезони додека Бари играше во италијанската Серија А.
Се претпоставува дека само за натпреварот Бари-Лече на кој гостите победија со 0:2 и се спасија од испаѓање, фудбалерите на Бари добиле 300.000 евра, а главниот актер Андреа Масиело на овој натпревар си постигна автогол.