Милан побегна на +4 пред Јувентус

Екипата на Јувентус се уште е единствена непоразена екипа во Италија, но сега има повеќе нерешени од победи, па заостанува со четири поени зад Милан кој полека чекори кон одбрана на титулата.

Џабе му е на Јувентус што е единствен непоразен тим во цела Италија кога 14 пати ремизираше и има повеќе нерешени од победи (13), со што му дозволи на Милан да ја зголеми предноста на врвот на табелата.

Фудбалерите на Јувентус ја погодија пречката и стативата, а може да се каже и дека беа оштетени кога во 70-та минута Прило го проигра Симоне Пепе кој ја погоди мрежата, но помошниот судија сигнализираше офсајд.

Свои шанси имаа и домаќините, а и тие имаа свои поплаки кон арбитрите. Во финишот од натпреварот еден старт на Пирло над Роси не беше окарактеризиран како пенал и покрај тоа што имаше контакт во шестнаесетникот.

Сепак на крајот Џенова и Јувентус одиграа 0:0, што е прв пат по 50 години овие две екипи да одиграат без голови на првенствен натпревар.

Лече пристигна на Милано да игра „бункер" со цел да освои бод против Милан, но тоа не им успеа. Антонио Ночерино уште во седмата минута ја сруши одбраната на гостите по асистенција на Ибрахимовиќ, а асистентот на првиот погодок во со прекрасен гол во 65-та минута и самиот се запиша во листата на стрелци.

Златан Ибрахимовиќ со 19 голови е моментално водечки стрелец во Серија А пред Ди Натале со 18.

СЕРИЈА А – 27. КОЛО:

недела
Милан - Лече 2:0
Ночерино 7, Ибрахимовиќ 65

Аталанта - Парма 1:1
Манфредини 5 - Палета 55

Катанија - Фиорентина 1:0
Лоди 58п

Чезена - Сиена
Бриенца 75, Богдани 82

Џенова - Јувентус 0:0

Лацио - Болоња 1:3
Рубин 56аг - Портанова 11, Дијаманти 28, Крхин 6

Новара - Удинезе 1:0
Једа 16

сабота
Палермо - Рома 0:1
Борини 3

петок
Киево - Интер 0:2
Самуел 87, Милито 90

Наполи - Каљари 6:3
Хамшик 10, Канаваро 19, Астори 30аг, Лавеци 56п, Гаргано 70, Маџо 84 - Ларивеј 38, 77, 92

11 март 2012 - 22:24