Сам себе го суспендирал

Претседателот на фудбалскиот клуб Каљари, Масимо Челино ја презеде одговорноста за губењето на натпреварот против Рома со службени 0:3 и си се суспендираше.

Масимо Челино, претседателот на Каљари ги повика навивачите кои имаат годишни влезници да присуствуваат на натпреварот против Рома и покрај тоа што градските власти одлучија овој меч да се игра без публика заради реновирањето на стадионот.

Заради стравување дека можат да се случат инциденти, овој натпревар најпрвин беше одложен, а потоа раководството на лигата одлучи да им ги додели поените на Рома и да го регистрира натпреварот со службени 0:3.

Токму затоа претседателот на клубот ја прифати одговорноста верувајќи дека ги разочарал навивачите на клубот и реши да си се суспендира од својата позиција.

26 септември 2012 - 11:32