Милан го победи Јувентус благодарение на единствениот гол на Робињо постигнат од пенал во 31-та минута по спорната одлука на судијата Рицоли и неговиот асистент кои проценија дека Исла играл со рака во шеснаесетникот.
Сепак капитенот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон смета дека за поразот не е виновен судијата, туку нивниот тим.
„Можеме да бараме оправдување за поразот, но вистината е дека ние заслуживме да загубиме. Тоа не беше пенал, но такви грешки се случуваат во фудбалот. Ние сепак имавме доволно време да се вратиме во игра. Имавме цел час да одговориме, но не го сторивме тоа", изјави Буфон.
„Секогаш е тешко да се најде вистинската причина за пораз, но многу нешта ни недостигаа вечерва. Тоа беше очигледно и ќе работиме заедно на тоа да откриеме што не беше во ред", дополни голманот на Јувентус.