И покрај неубедливите резултати, минатата сезона екипата на Интер успеа да привлече најмногу гледачи на Џузепе Меаца. Со 47.846 гледачи во просек, Интер беше најгледан италијански тим пред Милан со 43.722 и Наполи со 39.712. На четвртата позиција беше Рома со 38.967, а Јувентус во просек го следеа по 38.472.
Според анализата направена на 10 дена пред почетокот на сезоната, слична слика ќе се повтори и оваа сезона. До тој период највеќе сезонски влезници имаше продадено Јувентус (27.400), а Интер продаде 22.400.
Рома продаде 23.000, а огромен пад во продажбата забележа Милан со само 14.500 сезонаски влезници што е помалку од Лацио (17.500) и Сампдорија (18.500).
Третиот најгледан клуб од минатата сезона, Наполи има продадено само 5.500 сезонски влезници, но причината најверојатно е големиот капацитет на Сан Паоло (76.824) и можноста да се купат карти во било кое време.
Тоа го објаснува и бројот на продадени сезонски влезници на Јувентус, односно нивните навивачи не сакаат да ризикуваат и со време си набавиле карта за стадионот со капацитет од 41.000 гледачи.
Според овој тренд на продажба и искуството од минатите години, повторно се очекува најгледан тим во Италија да биде Интер.