Изборот е направен само со фудбалери кои одиграле една третина од сезоната или поточно на 12 натпревари, а највисоката просечна оценка од сите досегашни мечеви ја добија Марио Балотели и Единсон Кавани.
Голгетерот на Милан кој пристигна во Италија во јануарскиот преоден рок го препороди тимот и на 13 натпревари постигна 12 гола, со што ја заработи просечната оценка од 6,67. Првата позиција ја дели со најдобриот стрелец на сезоната Кавани кој постигна 29 гола.
Можеби звучи како изненадување, но третата позиција според оценките на весникот ја завзема Давид Пизаро. На фудбалерот на Фиорентина освен грешката против Милан по која после загубениот дуел со Монтоливо, „Виолетовите" примија гол, оценувачите сметаат дека одиграл константно добро и поради високите оценки на крајот просекот му е 6,52.
Третата позиција плејмејкерот ја дели со машината за голови на Удинезе, Антонио Ди Натале. Високата позиција италијанскиот напаѓач ја заработи со втората позиција на листата на стрелци, но и спектакуларните голови. Доколку летово се играше Мундијалот во Бразил, можеби и ќе добиеше повик од селекторот Прандели.
Во топ 5 влегуваат уште двајца искучително квалитетни фудбалери, а тоа се Марек Хамшик и Франческо Тоти кои за целата сезона добија просечна оценка 6.51. Словакот е незаменлив во офанзивната линија на Наполи и пропушти само еден првенствен меч, а Франческо Тоти и покрај годините игра се уште во солидна форма.
Ви ја претставуваме табелата со првите 10 места и најдобрата, но нетипична формација 3-3-1-3 со најдобрите фудбалери од Серија А според оценките на Кориере дело спорт.
Табела:
1. Балотели (Милан) (13) – 6,67
-Кавани (Наполи) (34) – 6,67
2. Пизаро (Фоирентина) (29) – 6,52
-Ди Натале (Удинезе) (33) – 6,52
3. Хамшик (Наполи) (38) – 6,51
-Тоти (Рома) (34) – 6,51
4. Черчи (Торино) (35) – 6,47
5. Муриел (Удинезе) (22) – 6,45
6. Клосе (Лацио) (29) – 6,44
7. Куадрадо (Фоирентина) (36) – 6,43
8. Борха Валеро (Фиорентина) (37) – 6,42
9. Кјелини (Јувентус) (24) – 6,39
10. Хандановиќ (Интер) (35) – 6,37
Најдобар состав: Хандановиќ – Куадрадо, Бенатиа, Кјелини – Пизаро, Хамшик, Погба – Тоти – Балотели, Ди Натале, Кавани