Демонстрациите во Балтимор започнуваат заради смртта на Фреди Греј, кој умира на пат до полициската станица. Во верзијата на полицијата, Греј паѓа во кома додека е транспортиран во полициското возило. Итно е пренесен во болница каде утврдуваат дека го повредил рбетниот столб. И покрај операциите, Греј умира на 19-ти април. Сè уште не е познато од што му се повредите.