Долго време зборувавме за фудбалски бројки на стариот континент, сега е време за оние преку Океанот. Се очекува гледаноста да достигне над 80 милиони гледачи, што е просек приближен со оној на кошарката и хокејот.
Интересот за клупскиот фудбал во САД порасна паралелно со успесите на репрезентацијата предводена од Клинсман, која играше одлично на Мундијалот во Бразил. Како резултат на тоа, локалните ѕвезди како Клинт Демпси, Бредли, Жозе Алтидор и Дискеруд се вратија во татковината.
Сепак, МЛС стана привлечна и за големите имиња од Европа, така што за многу пари фудбал во САД ќе играат Давид Виља, Кака, Лампард, Стивен Џерард. Во МЛС тие ќе им се придружат на Матео Ферари, Марко Донадел, Пабло Пјати, Обафеми Мартинс, Ифеани Емегхара...
Во моментов лигата брои 20 екипи, но веќе во 2017. година ќе се искачи на 22 со се Атланта и Лос Анџелес. Орландо Сити и Њујорк Сити се двата нови клубови кои ќе играат меѓу себе во недела вечер на Цитрус Боул пред 62.000 гледачи. Орландо Сити само сезонава ќе игра на стариот стадион, а веќе од следната ќе се префрли на новиот.
Отворањето ќе биде со дуелот Чикаго Фајр и актуелниот шампион ЛА Галакси, кој ќе игра без Лендон Донован, кој се пензионираше. Дерби меч ќе играат Спортинг Канзас Сити и Њујорк Ред Булс.
Сезоната ќе трае од 6. март до 25 октомври, а календарот може да го видите овде.