Намерата на федерацијата е на децата до 10 години да им забрани топката да ја маваат со глава, а истото правило на тренинзите ќе важи за фудбалерите до 13 години.
Ова правило во најава е по барање на родителите кои се жалеле на многу повреди на главата на нивните деца. Тоа ќе се однесува на младинските академии, но и на клубовите во МЛС лигата.
„Тоа што сакаме да направиме е да создадеме параметри и насоки во врска со големата изложеност на потенцијални повреди на главата“, велат од Фудбалската федерација на САД.
Како дел од новата регулатива ќе има и можност фудбалерите кога ќе ја повредат главата да можат привремено да ја напуштат играта за да се утврди дали имаат потрес на мозок.
Оваа тема во САД беше актуелна минатата година кога родителите имаа иницијатива и сакаа за ова прашање да се обратат до ФИФА.
Според едно истражување во САД од 2010 година до сега, 50.000 деца кои тренираат фудбал биле жртви на потрес на мозок, а тука не се вклучени оние кои се повредуваат во другите спортови.
Како настрадаа Џонатан де Гузман и Дирк Кајт на тренинг