Остатоците на војната од 1.000 милијарди долари

Минатиот месец генералот на американската армија и НАТО силите Џон Кембел, го завитка зелено белото знаме на ИСАФ со што симболично се стави крај на 13-годишната војна / мисија на САД во Авганистан.

Шатор прекриен со пена за изолирање чека да биде демолиран. Базата ќе биде демолирана и адаптирана за сместување на околу 13.000 странски војници, претежно американски, како дел од 2-годишната мисија "Непоколеблива поддршка."

Војната чинеше речиси 1.000 милијарди долари, и после 13 години (Обама ја нарече најдолгата војна во историјата на САД) Американците уште се поделени дали требало да се повлечат од таму или не.

И покрај повлекувањето, во земјата ќе останат околу 18.000 странски војници, од кои речиси 11.000 ќе бидат американски, за да и помогнат на авганистанската армија да се справи со Талибанците. Годинава околу 4.500 авганистански војници загинаа во судирите со Талибанците.

Планот е овие 11.000 до крајот на 2015-та да се намалат на 5.000, а во 2016-та тие да се сведат на стандардна заштита за амбасадата. Во пикот, во 2010-та САД имаше 140.000 војници во Авганистан (плус платениците).

Фотографиите се од Баграм, најголемата американска база во Авганистан, направени се на 2-ри јануари:

Знаци со оддалеченоста на различни Баграм од различни американски бази нис светот.

Запалени пикапи на авганистанската армија кои чекаат да бидат демолирани.

Рамка од врата легната на патосот од демолираниот шатор на кој што била монтирана.

Пакувања вода чекаат да заврши процедурата за нивно фрлање.

Вреќи со земја наместени пред бетонските бариери како заштита од минофрлачи и ракети.

Купот бетонски бариери во дворот на базата во Баграм.

Шатори што чекаат да бидат растурени во чистењето на базата.

Дел од напуштените контејнери за живеење.

Карго контејнери кои треба или да бидат вратени во САД или да бидат фрлени на отпад.

Возилата чекаат на враќање во САД.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

12 јануари 2015 - 14:34