7. Стадионот во Охајо „The Hoseshoe"
Место: Охајо, Колумбус (САД)
Екипа: Универзитетски тим на американскиот фудбал Охајо Стејт Бакајс
Капацитет: 104.944
Стадионот во Охајо е петти по големина во САД и седми во светот. Се наоѓа на територија на кампусот при Универзитетот Охајо во градот Колумбус. Отворен е за употреба на 7. октомври 1922 година, а после тоа стадионот имал 4 реконструкции. Необично, на овој стадион нема рефлектори и за вечерните термини привремено се монтираат рефлектори.
6. АТ&Т Stadium „Cowboys Stadium"Место: Тексас, Арлингтон (САД)
Екипа: Далас Каубојс (НФЛ)
Капацитет: 105.000
АТ&Т Стадионот е познат и како Каубојс Стадион, втор е по големина во Тексас и четврт во САД. Овој стадион официјално беше отворен на 27. мај 2009 година, а за неговата изградба биле потрошени 1,3 милијарди долари. Арената ја користи екипата од НФЛ Далас Каубојс и други помалку познати фудбалски клубови од Тексас. Стадионот се користи и за концерти, НБА и МЛС натпревари како и трки по мотокорс. Капацитетот е 105.000 седишта.
5. АцтекаЛокација: Мексико Сити, Мексико
Екипа: Фудбалската репрезентација на Мексико. Често своите натпревари тука ги игра и фудбалскиот клуб Америка
Капацитет: 105.064
Стадионот Ацтека бил изграден во главниот град на Мексико во 1966. година. На него се играле и натпревари од две Светски првенства во Мексико (1970 и 1986 година). Ацтека стана позната на 22 јуни 1986 година кога Диего Марадона го постигна голот познат како Божја Рака.
4. Бејвер Стадион
Место: Пенсилванија, Јуниверзити-Парк (САД)
Екипа: Универзитетската селекција по американски фудбал - Пен Стејт Нитани Лајнс.
Капацитет: 106.572
Довршен и пуштен во употреба во 1960. година. Втор по големина во САД и четврти во светот. Сместен е во градот Јуниверзити-Парк во Пенсилванија и дом е на екипата Најтени Лајнс. Името на стадионот доаѓа по името на некогашниот гувернер Џејмс А. Бивер.
3. Мичиген Стадион
Место: Мичиген, Ен-Арбор (САД)
Екипа: Универзитетската селекција на американски фудбал - Мичиген Вулверинс.
Капацитет: 109.901
Стадионот во Мичиген е најголемиот стадион во САД, во цела Северна Америка и на цела Западна хемисфера. Овој гигант е изграден во 1927. година, а во тоа време собирал 72.000 гледачи. За изградбата биле потрошени тогаш огромни 950.000 долари. На денешен ден, стадионот во Мичиген кој е познат како „Големиот дом" капацитетот е 109.901 гледач. На концерти знае да собере и до 116.000 гледачи. На 7. септември 2013 година на мечот меѓу Мичиген Вулверин и Нотр-Дам имало дури 115.109 официјално изброени гледачи.
Интересно е што градот Ен-Арбор има 110.000 жители, што значи дека на стадионот некогаш има повеќе луѓе од што има целиот град.
2. Солт Лејк Стадион
Место: Индија, Калкута
Екипа: Фудбалската репрезентација на Индија
Капацитет: 120.000
Изграден во 1984. година во центарот на Калкута. На овој стадион игра Индија, но и клубовите Ист-Бенгал, Мохун Баган и Мохамедан. На него се организираат и атлетски трки и митинзи.
1. Стадион Први Мај
Место: Пјонгјанг (Северна Кореа)
Екипа: Фудбалска репрезентација на Северна Кореа
Капацитет: 150.000
Стадионот Први мај е изграден во облик на цветот магнолија и има вкупно 16 лакови на кровната конструкција. На него играат фудбалерите на Северна Кореа.
Видео од најголемиот светски стадион: