Таг: ракометна лига на шампиони

Барса и ПСЖ на мегдан против Вардар

Македонскиот шампион немаше многу среќа. РК Вардар Про на извелкувањето за ракометната Лига на шампиони за противници во групата ги доби екипите на Барселона и Пари Сен Жермен, а можеби ќе се сретне и со Металург.

Металург доби вајлд карта

Клубот од Автокоманда кој изминатава сезона го постигна историското четвртфинале во ракометната Лига на шампионите доби шанса да се бори за пласман во елитата и наредната сезона.

Хамбург за прв пат до европската круна

Ракометарите на Хамбург кои дебитираа во финалето од Лигата на шампионите во драматична и неизвезна битка успеаа да слават над големата Барселона во продолженијата со 30:29.

Барселона и Хамбург финалисти во Лигата на шампионите

Гигантите од европската ракометна сцена стигнаа до финалето од најквалитетното клупско ракометно натпреварување. Шпанците ја оправдаа фаворитската улога против полски Кјелце со 28:23, а во германското дерби Хамбург славеше против Кил со 39:33.

Станиќ во тимот на сезоната во ЛШ

Голманот на Металург со одличните партии оваа сезона во најквалитетно клупско ракометно натпреварување заслужено се најде во најдобриот состав.

Металург ја заврши европската одисеја

Хитот на македонскиот ракомет кој го поправи пласманот од минатата сезона во Лигата на шапионите, немаше сили за сензација и пласман во фајнлфорот. Со убедлив пораз од полски Киелце и во вториот четвртфинален меч од 26:15, ракометарите на Лино Червар ги завршуваат настапите во најелитната ракометна лига.

Металург со пораз ќе патува во Киелце

Иако големата четвртфинална битка во првото полувреме мина во знакот на Металург кој беше постојано во водство, ракометарите на Киелце со пресврт во вториот дел ја демонстрираа фаворитската улога и славеа со 27:25.

Червар: Во недела со две срца на терен

Нашиот претставник во ракометната Лига на шампиони освен што го поправи минатогодишниот пласман и се пласираше во големата осумка на европскиот елитен ракомет, сега пред себе ја има најсериозната и најтешката пречка во историјата, а тоа е влезот во фајнлфорот.

Киелце ја распродаде салата за само 2 минути

На скоро 3 недели до стартот на реванш четвртфиналниот дуел помеѓу Киелце и Металург во рамките на ЛШ, во Полска владее вистинска ракометна треска. Салата „Легионов" во Кјелце со капацитет од 4200 седишта е распродадена за само 2 минути.

Металурзите се пресреќни поради денешната ждрепка

Раководните луѓе на македонскиот ракометен шампион кој се избори за историско четвртфинале во елитната Лига на шампиони, со огромна радост го проследија епилогот од денешното извлекување во Виена каде за противник го добија Киелце.

Металург против Киелце во четвртфиналето

На денешното извлекување во седиштето на ЕХФ во Виена, македонскиот ракометен шампион Металург за противник во четвртфиналето од Лигата на шампионите ја доби екипата на Киелце.

Металург испиша нова ракометна историја

Маестралниот Металург донесе нова историја за македонскиот спорт. Јунаците на Лино Червар славеа и во вториот дуел против Динамо Минкс и за прв пат се најдоа во друштво на големата осумка во елитната Лига на шампионите. Металурзите беа подобри од белорускиот преставник со 24:22.

Со тотална мобилизација до историско четвртфинале

Македонскиот ракометен шампион Металург во распродадената сала „Борис Трајковски", во сабота има "златна" можност за пласман помеѓу најдобрите 8 екипи од Европа. И покрај предноста од Белорусија од 3 гола разлика, Лино Червар бара максимална концентрација за реваншот.

Со Металург нема играње играчки

Нашата ракометна гордост е пред голем чекор да испише нова историја во македонскиот машки ракомет. Во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите, во Белорусија падна тимот на Динамо Минск кој беше тотално надигран и совладан со 26:23. 

Металург против Динамо Минск во осминафиналето

На денешното извлекување во седиштето на ЕХФ во Виена, македонскиот ракометен шампион Металург за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите го доби белорускиот состав Динамо Минск.

Станиќ и Вугринец во тимот на колото

Голманот на Металург се најде во тимот на колото благодарение на маестраелнаите одбрани, особено во второто полувреме кога по првите 20 минути Данците успеаа да му дадат само еден гол. Еден од најдобрите поединци на паркетот беше и Ренато Вугринец со 6 гола.

Металург помеѓу 16 најдобри во Европа

Ракометарите на Металург долго се мачеа со последно пласираната екипа од групата Ц на Лигата на шампиони, но на крајот го срушија отпорот на Шамбери и македонскиот шампион славеше со 26:21, со што обезбедија пласман во Топ 16 фазата од Лигата на шампиони.

Металург падна во финишот

Металург по втор пат загуби од Киелце. Ракометниот првак на Македонија во финишот прокоцка голема предност и загуби минимално со 21:20 на гостувањето во Полска.

Киелце го спушти Металург на земја

По поразот од Вардар во СЕХА лигата, Металург загуби и во Лигата на шампиони. Искусната екипа на Киелце му го нанесе првиот пораз на Металург во најелитното европско клупско натпреварување.

Цепелинот на Вугринец

Погледнете го најубавиот момент од победата на ракометарите на Металург над Ст.Петерсбург, односно двојниот цепелин на Златко Мојсовски и Ренато Вугринец.

Металург се пласираше во Лигата на шампиони

Екипата на Металург го победи норвешкиот Хаслум со 30:20 и повторно избори пласман за групната фаза од ракометната Лига на шампиони.

Лазаров поразен во финалето на ЛШ

Новиот европски ракометен шампион е непобедливиот бундеслигаш Кил откако на завршницата од финалниот турнир го порази Атлетико Мадрид чиј член е капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

Ракометен спектакл на фудбалски стадион

Ракометниот клуб Копенхаген и актуелниот европски првак Барселона, својот четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони ќе го одиграат на фудбалски стадион.

Заврши европската одисеја за РК Металург

Ракометниот првак на Македонија го заврши настапот во Лигата на шампиони. Металург во осминафиналето е елиминиран од хрватскиот Загреб на кого во клучните моменти од реваншот му беше потребна мала помош од судиите.