Откако вчера на полуфиналето од квалификацискиот турнир го победија Алпла Хард сп 25:19, денес ракометарите на македонскиот шампион Метлаург славеа нова победа во Норвешка и се пласираа во Лигата на шампиони.
Ракометарите на Металург доминираа уште од самиот почеток и на полувремето водеа со 16:8, а во второто полувреме стигнаа и до двоцифрена предност и на крајот конечниот резултат гласеше 30:20.
Најефикасни на денешниот натпревр беа Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски со по осум голови.
Металург ќе се натпреварува во групата Ц против Силкеборк, Киелце, Горење, Шамбери и Санкт Петерсбург. Натпреварите од ракометната Лига на шампиони ќе започнат на 26 септември.