Изборот на најдобрите ракометари за сезоната 2012/2013 го направија над 20.000 навивачи од целиот свет преку анкета на сајтот на ЕХФ, а инаку ова е прв пат фановите на ракометот да гласаат за најдобрите во конкуренција на 32 играчи.
Номинациите се направени врз база на целосниот учинок кој го имал играчот во текот на сите натпревари, придонесот во одбраната, бројот на блокади, асистенции, како и потези во одлучувачките минути од мечевите.
Српскиот голман е единствениот ракометар од Металург кој се најде во најдобриот тим каде немаше место за ниту еден македонски играч. Инаку тимот од Автокоманда годината со пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите направи историски подвиг за македонскиот ракомет.
Во идеалниот тим во кој е направен избор на 8 ракометари покрај Станиќ се уште и Даниел Нарцис и Филип Јиха (Кил), Ласло Наѓ и Иштван Шчук (Веспрем) и Жулен Агинагалде (Атлетико Мадрид), Андерс Јенсен (Фленсбург), Иван Чупиќ (Кјелце).