Киелце поводе на стартот со 3:4, но Металург направи серија од 4:0 за 7:4 на средината од првото полувреме. Од тој момент домашните ракометари постојано беа во водство, а на полувремето заминаа со предност од 12:10.
Ракометарите на Металург го одржуваа водството се до средината на второто полувреме, но тогаш следеше пад во играта и серија на гостите по што тие поведоа со 18:21. Во овие моменти Металург не постигна гол скоро осум минути.
До крајот Металург на два пати се доближи до негатива од еден гол, но сепак немаше сили за подвиг и Киелце славеше со 21:23.
Најефикасен на натпреварот беѓе Чупиќ со осум голови, а во редовите на Металург се истакнаа Вугринец со седум и Ракчевиќ со шест погодоци.
Следната недела Металург гостува во Полска кај Киелце.