Металург беше во вториот шешир со второпласирани екипи од групната фаза и со тоа автоматски ги избегна како противници екипите на Кил, Флензбург и Атлетико Мадрид.
На денешната ждребка од привилегираната група каде беа Барселона, Хамбург, Киелце и Веспрем, екипата на Металург го доби најпосакуваниот противник.
ЕХФ Лига на шампиони - четврфинале
Атлетико Мадрид - Барселона
Металург - Киелце
Кил - Веспрем
Фленсбург - Хамбург
Со екипата на Киелце, нашиот шампион се сретна во групната фаза и на два пати несреќно загуби и покрај тоа што во поголемиот дел од натпреварите Металург беше во водство, па ова ќе биде одлична шанса за одмазда.
Првиот натпревар на кој Металург ќе биде домаќин ќе се одиграат од 17 до 21 април, а реванш дуелите ќе се одржат од 24 до 28 април.
Поуспешните од четвртфиналните дуели ќе се пласираат на фајнал-фор турнирот кој оваа година ќе се одржи во Келн на 1 и 2 јуни.