Нова книга на Џон Тирни и Рој Ф. Баумајстер, „Моќта на лошото“, ни потврдува нешто што веќе искуствено го знаеме - дека лошите работи подолго се памтат од добрите, и дека моќта на негативното мислење е како онаа на ламја со три (во случајов четири) глави. И една глава да исечеш, на нејзино место се појавува нова. Освен ако не ги исечеш сите истовремено.