Единствените двајца македонски кошаркари кои се борат во топ 16 фазата од Евролигата, победнични го завршија седмото коло во најелитното клупско кошаркарско натпреварување. Антиќ во дресот на Олимпијакос обезбеди голема победа на гостувањето против Кимки, а Бо Мекејлеб го доби турското дерби против Бешикташ.