-ЦСКА Москва сезонава е најефикасен тим во Евролигата со 93,9 поени во просек по натпревар.
-Само 4 играчи на ЦСКА се појавиле на сите натпревари оваа сезона. Тоа се Арон Џексон, Саша Каун, Владимир Мисов и Милош Теодосиќ.
-На Теодосиќ му фалат уште три тројки за да влезе во листата на најдобри 10 шутери за три поени во Фајнлфоровите.
-Ненад Крстиќ треба да постигне уште само 9 коша за да ја стигне јубилејната бројка од 1000 поени во Евролигата.
-Папалукас е најдобриот асистент во истријата на завршниот турнир на Евролигата со вкупно 56 асистенции.
-Василис Спанулис е единствениот кошаркар на Олимпијакос кој го започнал секој меч за грчкиот тим оваа сезона.
-Спанулис во пјејоф мечевите беше најдобар асистент со 6,6 додавања по натпревар.
-Костас Папаниколау е најдобриот шутер за три поени оваа сезона со 52,7% успешност.
-Георгиос Принтезис е најдобар стрелец во плејофот со 13,6 поени по натпревар.