Финалниот натпревар од кошаркарскио куп на Грција помеѓу најголемите ривали Панатинаикос и Олимпијакос помина во сенка на навивачите.
Пред почетокот на натпреварот, навивачите на Панатинаикос испалија неколку ракети кон навивачите на Олимпијакос, но една од нив го погоди во глава соиграчот на Перо Антиќ, Американецот Кајл Хајнс. За среќа тој не заработи посериозна повреда и натпреварот започна со задоцнување од неколку минути.
Во втората четвртина натпреварот повторно беше прекинат откако навивачите на Олимпијакос со камен го погодија кошаркарот на Панатинаикос, Мајк Брамос, по што реагираа и противничките навивачи, па ситуацијата повторно мораше да ја смирува полицијата.
Натпреварот сепак го доживеа својот крај откако полицијата ги испразни трибините каде се наоѓаа навивачките груп. Перо Антиќ одигра одличен натпревар постигнувајќи 17 поени, но сепак Панатинаикос дојде до 14-та титула со победа од 81:78.