Актуелниот европски шампион, екипата на Олимпијакос славеше на гостувањето кај Фенербахче со 73:78 во 13-то коло од Евролигата.
Двете екипи во текот на натпреварот постојано се менуваа во водство, а во последните 5 минути домаќините влегоа со водство од +8 (69:61).
Но кошаркарите на Олимпијакос направија одлична серија од 13:0 и на крајот славеа со 73:78.
Перо Антиќ ја преброде повредата и одигра 13 минути за кои постигна 9 поени, а Мекејлеб одигра 26 минути и имаше учинок од 12 поени, 6 скокови и 3 украдени топки.
По 13 одиграни натпревари, Олимпијакос има 8 победи, а екипата на Фенербахче е веќе отпишана со 11 порази.