Гостите од Италија имаа почетно водство од 3:10, но до 6-та минута Олимпијакос израмни и потоа следеше целосна доминација на домаќините.
Кошаркарите на Олимпијакос одиграа одлично во одбраната, а таму посебно се истакнуваше капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија.
На полувремето Олимпијакос имаше водство од +11 (32:21), а во второто полувреме водството достигна и до 29 поени.
Кошаркарите на Сиена немаа одговор за расположените домаќини и на крајот Олимпијакос победи со 75:55.
Перо Антиќ одигра нецели 19 минути за кои постигна 6 поени, а забележа и 6 скока и 1 асистенција.
Лестер Бо Мекејлеб беше најрасположен кај поразената екипа со 15 поени, 4 скока, 1 украдена топка и 2 асистенции.
Следниот натпревар Олимпијакос повторно ќе го одигра на домашен терен во петок 30 март. На грчкиот тим му треба уште една победа за да обезбеди пласман на фајналфор турнирот кој ќе се одржи од 11 до 13 мај во Истанбул.