Капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ со победата на Олимпијакос над Монтепаски Сиена од 76:69, избори пласман на фајналфор турнирот од кошаркарската Евролига.
Антиќ со Олимпијакос славеше голема победа од 75:55 на третиот натпревар против Монтепаски Сиена на Бо Мекејлеб и за пласман на фајналфор турнирот во Истанбул им недостига уште само една победа.
Бо Мекејлеб му се реваншираше на Перо Антиќ на вториот дуел од плејоф серијата од кошаркарската Евролига. Монтепаски Сиена го совлада Олимпијакос со 81:80.
Перо Антиќ го доби првиот дуел на македонските претставници во Евролигата. Со голем пресврт во последната четвртина, Олимпијакос славеше на гостувањето кај Монтепаски Сиена на Лестер Бо Мекејлеб и направи голем чекор кон пласманот на фајнал фор турнирот во Истанбул.