Олимпијакос го прекина постот на домаќините

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија шлаканица на гостувањето во Грција и со негатива од 2:0 ќе го пречекаат противникот на реваншот. На дуелот во Санкт Петерсбург минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд беше немилосрден против Зенит.

Олимпијакос - Манчестер Јунајтед 2:0 (0:0)
Домингез 38`, Кембел 55` 

Заврши доминацијата на тимот од „Олд Трафорд“ против Олимпијакос од четири победи на нивните досегашни дуели. Составот на Дејвид Мојс кој беше непоразен во групната фаза беше непријатно изненаден со погодоците на Домингез и Кембел кои му ги замрсија сметките на фаворитот. 

Зенит - Борусија Дортмунд 2:4 (0:2)
Шатов 57`, 69` п, Хулк -  Михтаријан 4`, Ројс 5`, Левандовски 61`, 71`

Домаќините беа во шок уште по првите пет минути од натпреварот во кои Борусија преку Михтаријан и Ројс имаа водство од 2:0. Во вториот дел фудбалерите на Зенит на два пати го намалуваа водство, но расположениот Левандовски ги постави конечните 2:4 со кои Германците се поблиску од четвртфиналето.