Таг: награда

Лапај си 100.000 долари за кош од пола терен

За време на дербито меѓу паднатите гиганти ЛА Лејкерс и Њујорк Никс, еден гледач по име Суни Стронг , во култниот „Стејплс Центар“ лапна 100.000 долари откако погоди шут од половина терен.

Книжевна награда за одбивање книжевни награди

Именувана според славниот автор кој ја одби Нобеловата во 1964, Сартровата награда е веќе толку популарна што писатели од цела Европа и САД се натпреваруваат кој ќе одбие што повеќе награди, за да имаат поголеми шанси да ја добијат оваа. Веројатно е кромид, ама добар.

Доделена наградата „Лош секс во проза“ 2017

Книгата се вика „Уништувачите“, авторот Кристофер Болен, а високото признание му е доделено за сцена која вклучува стап и топчиња.

Облека за деца што „расте“ доби награда за најдобар студентски дизајн

Оние кои се доволно наивни (и богати) да купуваат купишта облека за мало дете, знаат колку брзо таа бива надрасната, и колку е поисплатливо да размениш или да позајмиш. Но еден нов дизајн ветува дека некоја идна облека ќе може да се носи дури четири детски години, затоа што нејзините димензии можат да се менуваат за шест броја.

Доделена првата награда „Киндл раскажувач“ за самообјавено дело

Како поттик за авторите кои сами објавуваат на Амазон, компанијата прв пат додели награда за најдобро дело-самиздат, трилер под наслов „Ловец на реликти“.

Во Африка падна гол за наградата Пушкаш

Му легна к’о на поп сарма па не можеа да ја испратат ни камерите. Страшен гол!

Јерговиќ за една поинаква тиранска платформа

Вчера, 30.05, при примањето на наградата Прозарт на фестивалот Про-за Балкан, Миљенко Јерговиќ прочита за оваа прилика посебно напишан текст. Неговиот инаку тивок и спокоен глас моќно одекна низ амамот, а нам, на веќе снеможените на срце и нерви, ни даде надеж за нормалност и убавина.

Универзитет кој дава пари за кршење на правилата

Звучи премногу добро да би било вистинито, ама е. Универзитет од самиот врв на американското образование, бостонскиот МИТ, понуди мрсна награда во кеш за поединец или група кои ќе ги прекршат правилата. Спојлер за сите што одма видоа лесни пари - има еден трик тука.  

Aмазон воведува награда за автори кои самообјавуваат на Киндл

„Самиздат“ за наш менталитет сè уште одѕвонува како „книга што никој не сакал да ти ја финансира и објави, па си морал сам“. Светскиот пазар пак на дигитални изданија за повеќето наши автори е како друга планета. Ама некои од нив се осмелиле, а сега можат да бидат и наградени. 

Доделена наградата „Лош секс 2016“

Eри де Лука, добитник на Европската награда за литература за 2013, фален како „писател на деценијата“ од Кориере дела Сера во 2009, сега доби уште едно престижно признание - годишната награда за најлоша секс сцена во книга.

Лондонска книжарница ви нуди бесплатни книги до крајот на животот

Британските книжарници постојано измислуваат начини да го привлечат вниманието и да останат во комерцијална игра. Еве уште една нова идеја.

Има бетер и од Нобелова

Контроверзите околу Нобеловата награда за мир постојат со децении. Од фактот дека ја има добиено еден злотвор како Кисинџер ама не и тип како Ганди па до последниот лауреат од Колумбија чиј мировен план беше одбиен на референдум. Но, та не е саде Нобел, та не е саде мир.

Нова награда за (добар) книжевен секс

Вербализираните описи на секс како да се однапред осудени на неуспех. Или се преапстрактни, или се вулгарни. Или се емоционално испразни, или се патетични. Затоа и до сега имаше награда за најлош, но не и за најдобар опис на секс во книги. 

Првиот гол на Зидан за кој добил Рено Клио

На денешен ден пред 25 години, чудото од дете Зинедин Јазид Зидан ја започна професионалната кариера со еврогол. За тоа добил награда од претседателот.

Наградата „Лош секс 2015" оди кај...

Редовните читатели ја знаат нашата неуморност во следењето на оваа награда, која од 1993 се доделува на најлош опис на коитус во проза. Описите имаат нешто заедничко - не се убави, ама затоа пак се многу упорни во својата намера.

Зошто Гонкуровата награда е толку престижна, а изнесува само 10 евра?

Најстарата книжевна награда во Франција за оваа година е доделена на Матијас Енар, за неговиот роман „Компас". Но освен оваа вест има други интересни (и културолошки индикативни) моменти во врска со историјата и сегашноста на ова признание.

По фестивалот во Венеција: двојна награда за филм базиран врз расказ на Сартр

Како што пренесоа и нашите медиуми, овогодишен добитник на Златен лав е Лоренцо Вигас, за неговиот прв филм „Од далеку". Но тој не беше единствениот дебитант кој изненади на фестивалот, кој заврши вчера (12.09). Еден друг доби дури две награди, а неговиот филм е правен според расказ на славниот егзистенцијалист.

Скандал со љубовно романче за нацист и Еврејка

За необичниот наплив на нешто што на прво слушање звучи ко оксиморон - „смерни љубовни романчиња" - пишувавме и претходно. Но деновиве нишата е „збогатена" со ново дело, кое можеби ќе останеше незабележано доколку не беше кандидирано за награда којашто се смета за пандан на филмскиот Оскар во овој жанр.

Кој ги доби монографиите од Милчо?

Пред некој ден ве повикавме да испраќате ваши дела инспирирани од реплики од филмовите на Милчо. Еве избор од пристигнатото, и добитниците. Ви благодариме на сите.

Наградата што Меси никогаш не ја освоил

Еден податок од шпанската фудбалска лига им западна во око на многу фудбалски статистичари кои бројат сè и сешто. Иако освои сè, постои признание што Меси не го добил.

Жени кои примаат "бонус за сопруга"

Убаво и благородно звучеше она дека жената треба да се цени и по тоа што прави за семејството, како домаќинка и мајка. Во најновиот развој на настаните, таквото ценење добива форма на паричен бонус, како во компанија.

Награда „Лош секс во белетристика“ 2014

Има луѓе кои мислат дека и лош секс е добар, сè додека го има. Но жирито за наградата која се доделува од 1993 за најлош опис на сексуален чин во проза напишана на англиски не мисли така. Оваа година со неа се закити поранешен добитник на Букер. 

Добија пиво колку што се тешки

Како награда за победата во финалето на Лига Европа, спонзорот на Севиља пиварата Крузкампо го одржа ветувањето и им подари на сите фудбалери пиво колку што се тешки.

Архитектонски чир на годината (+наградениот)

Додека нашиот критериум за тоа што е убава (и квалитетна) градба секојдневно се деградира до степен на сеедност, во други контексти сè уште се обидуваат, не без доза на сарказам, да ги критикуваат новооизградените објекти. Таква е оваа британска награда, за најгрда нова зграда на годината.