Таг: награда

Најчуден наслов на годината

„Како да какаш на романтична средба" ја доби 36-тата наградата Дијаграм за најнеобичен наслов на книга. Оваа година конкуренцијата беше голема.

Награда за лош секс

Парче смрдливо сирење, брадавици, закани од атомски бомби, извесен Карун, ткива, жлезди и многу пот се овогодинешните врвови во лошите книжевни описи на сексот. Но само еден од нив ја доби престижната награда - Maнил Сури, за книгата „Градот Деви“.

Џезерот Иствуд

На отварањето на овогодишното издание на фестивалот Нишвил во Србија, на 15. август, на Клинт Иствуд ќе му биде врачена специјална награда за промоција на џез културата.

Роман за Северна Кореја доби Пулицер

Книгата „Синот на господарот на сирачињата" на Адам Џонсон е добитник на високото признание за белетристика кое од 1918 година му се доделува на прозно дело на американски автор.

Награда за преку к...

Бил Гејтс за вас има награда од 100.000 долари ако успеете да го одушевите со концепт кој ќе го подобри светот на кондомите.

Најчуден наслов на годината 2013

Британците се познати по необични книжевни награди. Награда за лош секс во фикција за „најзасрамувачките пасуси на сексуален опис во роман", „Секирче на годината" за најостра книжевна критика, но и наградата Дијаграм, за најчудниот наслов на книга на годината.

Секирче на годината

Додека кај нас и најмал обид за негативна книжевна критика кон домашен автор веднаш се оценува како „нарачана", а критичарот како „шарлатан", Британците за најострата критика на годината даваат - награда.

Лош (книжевен) секс

Британското списание од областа на културата The Literary Review и оваа година ќе ја додели Bad Sex Award - наградата за најлошиот опис на секс во литературата.

Букер e симбол на империјализмот

Букер или како што гласи нејзиното целосно име, Man Booker Prize, е книжевна награда која од 1968 се доделува секоја година за оригинален роман, напишан на англиски, од граѓанин на „Комонвелтот, Ирска или Зимбабве". Ви звучи малку постколонијалистички?

Кустурица ќе дава книжевна награда од 100.000 евра

Приходот кој ќе остварува Андриќград, кој е замислен како туристичка атракција, ќе се вложува во афирмација на културата. На пример преку доделување престижна награда која ќе го носи името на Нобеловецот, кој е единствен во светот кој има свој град.

Награда минус 15,000 евра

Арапските дипломати во Франција се остро критикувани заради повлекување на паричниот дел од книжевната награда која ја спозорираат. Причина за повлекувањето: лауреатот, познатиот алжирски писател Буалем Сансал, неодамна го посетил Израел.

Најзгодниот дечко кој чита

Иако не одредивме рок, некако осетивме дека токму денес е добар ден да се објават резултатите од акцијата „Ем згодни, ем начитани“, во која ве повикавме да испраќате фотографии од згодни дечки кои читаат.

 

Парите од наградата ТЕД 2012 одат за..

Од 2005. наградата ТЕД се доделува на исклучителни поединци, чии  идеи и однесување можат да поттикнат некаква позитивна промена. Но во декември минатата година беше направен преседан: таа не замина во рацете на некој како Бил Клинтон или Џејми Оливер, туку стоте илјади долари ги доби една - идеја. Сега се знае и за што ќе се потрошат.