Оние кои го знаат Иствуд само како одличен актер и режисер можеби не знаат дека тој не само што е страствен љубител на џезот, блузот и кантри-вестернот, туку и дека самиот свири пијано и компонира. Има сопствена етикета „Малпасо рекордс" под капата на Warner Brothers, кои ги имаат издадено сите досегашни албуми со музика од неговите филмови.
Тој самиот ја компонирал музиката за неколку свои дела, како „Мистик ривер" и „Девојка од милион долари". Неговата песна од Гран Торино, „Грејс замина" добила две номинации за Златен Глобус, а освоила неколку други значајни награди. Во 2007 Иствуд добил почесен докторат по музика од Беркли, која му била доделена на Џез фестивалот во Монтереј, Калифорнија, каде е активен член на бордот. Во говорот по овој повод изјавил дека тоа му е најголемо признание во животот.
На Нишвил ќе се прикажат неколку негови филмови, меѓу кои и режисерскиот превенец од 1971, „Свири ја Мисти за мене", во кој Клинт ја игра главната улога на радио водител на кого секоја вечер му се јавува агресивна слушателка која бара да ѝ биде пуштена песната Мисти, на Ерол Гарнер.
Доколку самиот Иствуд не биде во можност да ја прими наградата, тоа во негово име ќе го стори синот Кајл - композитор и џез констрабасист, кој ќе настапи со својот бенд.
Па, ене го кај е Ниш...
Пиjано соло од „Гранд Торино"
Од „Блуз", документарна серија продуцирана од Скорсезе, во седум епизоди. Последната е режирана од Иствуд, и вклучува изведби на Реј Чарлс и Дејв Брубек.