Во најслабото издание сезонава, тимот од Аеродром прими 96, а постигна 69 коша. Будуќност покажа зошто е фаворит за финалниот турнир сезонава во Јадранската лига, а МЗТ Скопје дека тешко игра без носителите на играта од минатата сезона.
По поразот во првото коло од Мега Визура, „металците" вечерва го славеа првиот триумф во новата сала. Александар Цветковиќ и Георги Цинцадѕе најзаслужни за победата против Задар 72:58.
МЗТ Скопје не успеа и по трет пат со победа да ја почне сезоната во Јадранската АБА лига, откако вечерва после продолженијата загуби од Мега Визура 103:95 (84:78).
Сјајот на големото градско дерби кое ќе го гледаме годинава во македонската кошарка, го најавија двете навивачки групи кои деновиве се натпреваруваат кој ќе направи повпечатлив графит. Навивачите на МЗТ ја потенцираа препознатливата боја на клубот, а оние на Работнички се инспирираа од скеч на К-15.
Владетелот во македонската кошарка во последните години, ја доби меч топката против Работнички и со третиот триумф во финалната серија, успеа да ја одбрани шампионската титула во домашното првенство, вкупно трета во нивната историја.
Кошаркарите на МЗТ Скопје бргу се созедоа од шокот по поразот на вториот и го декласираа Работнички со што поведоа со 2:1 и се најдоа на една победа до трета шампионска титула во серија.
Во доста подраматичен и неизвесен меч, кошаркарите на Работнички успеаа да го совладаат тимот на МЗТ Скопје и да израмнат на 1:1, со што ја направија понеизвесна и поинтересна финалната серија од македонското кошаркарско првенство.
Првата пресметка од плејофот помеѓу големите градски ривали во салата „Борис Трајковски" им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје кои славеа убедливо против тимот на Работнички и поведоа со 1:0.
Актуелниот кошаркарски шампион со пораз ја завршува јадранската одисеја, а со неуспехот во последниот натпревар во АБА лигата од Раднички со 87:95, ја загуби шестата позиција која ќе им донесеше ново учество во второто по ранг клупско европско кошаркарско натпреварување.
Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа на првата од последните три пресметки во регионалната АБА лига во која го бркаат шестото место на табелата кое носи излез во Европа. Тимот од Аеродром беше подобар од босански Широки со 82:71.
Во голема и исцрпувачка битка, македонскиот кошаркарски шампион загуби на тешкото гостување од Цибона со 93:90 дури во продолжението од мечот во 23 коло од регионалната АБА лига
Македонскиот кошаркарски шампион го доби најважниот меч на сезоната кој може да биде клучен за пласман во Еврокупот. На гостински терен против Игокеа, тимот од Аеродром со голем пресврт во последната четвртина славеше убедливо со 65:79.
Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје ја совладаа екипата на Лирија во финалето од Купот на Македонија и ја освоија третата титула во серија.
По големиот триумф против Партизан среде Белград, актуелниот македонскиот шампион совлада уште еден српски претставник во АБА лигата, овој пат тимот од Смедерево со 80:72 и со тоа фати приклучот за борба помѓу првите шест екипи на табелата.
Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје оствари голем триумф на „жешкиот“ гостински терен во Белград совладувајќи го Партизан во 18-то коло од АБА лигата.
Македонскиот шампион релативно лесно и доминантно го одигра првиот меч од Јадранската лига во 2014 година и со 73:63 им вратија на кошаркарите на Шолнок од Унгарија во 15 коло од ова регионално натпреварување.
По двете последователни победи, кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаа триумфално да ја завршат 2013 година. Пречката за македонскиот шампион во регионалната лига беше Унион Олимпија кој возврати за поразот во „Борис Трајковски" со 73:62.
По големата победа против Црвена Звезда, македонскиот шампион влезе мотивиран на дуелот во Крагувеац каде тотално доминираше и заслужено славеше против кошаркарите на Раднички со 69:79.
Кошаркарите на МЗТ Скопје направија сензација против ланскиот финалист од АБА лигата и стигнаа до петтиот триумф во ова натпреварување, прв во меѓусебните соочувања против силниот српски претставник во Јадранската лига од 65:58.
Натпреварот на кој единственото значење беше да се избегне последното место во групата Г им припадна на кошаркарите на Калев Талин кои славеа убедливо над македонскиот шампион во претпоследното коло од Еврокупот со 84:69.
Македонскиот шампион предводен од новиот стратег Зоран Мартич загуби во продолжението од мечот и се посрамоти на гостувањето против последнопласираниот Широки во АБА лигата, затоа што испушти победа на речиси добиен натпревар во кој постојано беше во водство.
МЗТ Скопје се бореше за втор триумф во осмото коло од Еврокупот, но поквалитетниот турски претставник повторно ја оправда фаворитската улога против македонскиот шампион со убедливи 68:86 каде на клупата дебитираше новото тренерско име од Словенија.