Кошаркарите на МЗТ Скопје едноставно немаа своја вечер на последната пресметка оваа сезона во регионалната лига и беа послаб противник од тимот на Раднички кој влезе растеретено во овој дуел и му се одмазди на нашиот тим за поразот на првиот дуел.
Тимот од Аеродром имаше слаб старт и негатива од 7:14, но со одлична завршница во последните 3 минути од првиот период направи пресврт и успеа да оствари водство од 23:17, за нив највисоко на средбата. Гостите потоа влегоа во ритам, беа подобар противник и на полувреме имаа предност од +5.
Кобна за Штрковите беше третата четвртина која целосно и припадна на тимот на Раднички кој се рашутира тројки и стигна до највисоки +18 поени предност со што на последниот период влезе со огромно водство од 53:71.
Избраниците на Зоран Мартич немаа решение во одбраната на српскиот тим и не беа ниту близу до пресврт на најважниот меч на сезоната. Раднички само рутински си ја одржуваше високата оредност, која МЗТ на крајот успеа да ја стопи на кочечни 87:95.
„Фемили Аеродром“ со корегорафија во чест на Тодор Гечевски го поздравија својот миленик кој го одигра последниот меч во својата кариера во рамките на АБА лигата, а тој им возврати со 16 поени со што беше најпрецизен играч во својот тим.