Таг: македонска фудбалска репрезентација

Ангола - Македонија ништо:ништо

Македонската фудбалска репрезентација одигра уште еден натпревар за кој немаше ТВ, радио, ниту пренос на интернет, а единствена статистика која ја добивме благодарение на интернет кладилниците беше бројот на корнери.

Подмладената Македонија ја изненади Португалија

Селекторот Џон Тошак изненади многумина кога го соопшти списокот на репрезентативци, но тие уште повеќе пријатно изненадија со храбрата и дисциплинирана игра и ремизираа со фаворизираната Португалија.

Тошак ја подмладува репрезентацијата

За претстојните пријателски натпревари против Португалија и Ангола, селекторот на македонската репрезентација, Џон Тошак повика шест фудбалери од младинската репрезентација, како и најдобриот стрелец од македонската Прва лига.

Македонија остана на 98-та позиција на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација подобро котира кога не игра. Минатиот месец имавме скок од четири места, а овој месец повторно со неиграње успеавме да не потонеме и ја задржавме 98-та позиција на ФИФА ранг листата.

Македонија се врати во топ 100

Не дека сме нешто подобри или победивме некого, но фудбалската репрезентација на Македонија без да одигра натпревар направи скок од четири места и сега е пласирана на 98-та позиција на најновата ранг листа на ФИФА.

Maкедонска Пролет

Премногу за Хаику а премалку за сценарио. Мојата идеја за дисциплинирање на не-реформистите и нивното очајно одолевање на турските серии е следнава.

Алксандар Македонски и неговите легендарни патувања! Македонска, а сепак турска! Турска по елементите и стилот а Македонска по Аце... Се се случува во древното кралство Македонија и во главниот град каде што е роден водачот - Скопје (дупи си ги грците и истовремено си го јачаш национализмот)

Фудбалската репрезентација послаба од Боцвана и Конго

На најновата ранг листа на ФИФА, фудбалската репрезентација на Македонија падна на 102-та позиција зад репрезентации од рангот на Боцвана и Конго.

Два у кец!

„У второ полувреме г-дата репрезентативци решија дека и покрај тоа што ја претставуваат својата земја и го носат најсветиот од сите дресови, наместо да трчаат стоеа по теренот а во секој дуел влагаа како сув женски полов орган“, пишува еден од ретките Македонци кој беше сведок на срамот во Луксембург.