Напредок од 2 позиции на ФИФА ранг листата

На најновото издание на ФИФА ранг листата, фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок од 2 позиции и се искачи на 78-то место.

Победата на пријателскиот натпревар против Данска ни донесе 29 поени и со вкупно 465 поени Македонија направи скок од 80-та на 78-та позиција.

Од нашите конкуренти од квалификациската група А за Светското првенство во 2014-та година најдобар рејтинг има Хрватска која се искачи на 9-то место, следува Белгија на 20-та, Србија на 36-та, Шкотска на 64-та, а Велс направи скок од 13 места и се искачи на 68-та позиција.

На врвот на листата нема промени. Прва е Шпанија, пред Германија, Аргентина и Англија. . Следат Италија, Колумбија, Португалија, Холандија, Хрватска и Русија.

14 февруари 2013 - 11:39