Пишува: Таки Бошкоски
Уште од будење знаев дека вторникот е лош ден. Пошто март веќе 30 дена се понаша као јануари, само што отворив очи се стрчав на прозор да видам какво е времето. Искрено, не дека очекуев сонце и 30 степена, јеби га, у денешно време на телефон гледам временска прогноза, али коа ја видов снежната меќава како некој нож у срце да ми имаше збрцано. Со кафето пробав да се смирам некако. О.К. е.... може Базел да се справи со малце снег и авионите ќе тргнат. Се тешев, ама и гледав на сајтот на аеродром чисто да знам дека авионскиот сообраќај се одвива без проблеми. Ради снегот касневме, ама пошто имавме добра резерва не ни ги наруши плановите.
На стигање у Брисел, веќе не пречека екипата од Лондон со која редовно идам на вакви утакмици, а Диселдорф требаше да стигне директно пред утакмица. Со нив, плус едно појачање од далеки исток и еден локален нашинец (поздрав Јовче) имавме една добра екипичка да почнеме со загревање за утакмица. Прво што помислив е дека уствари целата реалност е малце изместена и дека за некое чудо Македонија почнала да игра Куп на Афрички Нации, пошто освен студот, све нешто имав осеќај како да сум у Мароко. Може оние од Брисел ни продаваат муда за бубрези за тоа како треба да изгледа една држава, али верујте коа ќе ви кажам дека населба Шуто Оризари е Монте Карло за комунална хигиена у споредба со Рабат...овај Брисел де...
Запознавајќи ги сите знаменитости на ориенталниот Брисел, секој од нас (укључувајќи го и јапонецот) се шокиравме кога видовме еден локал на едно 100 метри од Гран Плас накитен со македонски знамиња. Не дека локалот беше накитен, него дека беше грчки ресторан кој се вика Атина. Откако ни пројде шокот, срамежливо (а и малце у страв да не јадеме некоја заседа) се приближивме и културно поздравивме. Само што не виде човекот викна: Жено ставај салата и ракија за пријателиве! Бурим или Бесим (сите малце се збунивме) и фамилијата се од Велес, ама веќе 20 години е у Брисел. Јеби га, отворил грчки ресторан, ама само од бизнис интерес. Откако ни наплати симболичен рачун за јадењето и пиењето не поздрави и рече дека се гледаме на стадион.
А на стадион прича за себе. Не имаше околу 400. Иако Белгиска Федерација напраи цела драма околу тоа како се купуваат карти за гостински навивачи и како нема доволно, у нашиот сектор имаше едно 1500 ако не и повеќе празни столици. Луѓе од сегде....Холаднија, Шведска, Англија, Германија...познати фаци, луѓе кои се доволно мазохисти како и ја изминативе години да не жалат нерви а ни пари кога станува збор за репрезентација.
Осоколени после добрите игри претходно у циклусот, а и после две пива пред утакмица се лупавме у груди како идеме на победа и освета за оние неправедни 0:2 у Скопје. После 15 минути ни беше јасно дека Белгија е класа изнад нас а после пола саат дека бункерот мора да издржи пошто гол не даваме. Пачовски беше добар, а Шиков и Новески стандарно солидни. Одувек средните одбранбени ни била јака страна, али затоа бековите беа на ниво на второлигашки клуб и тоа у македонска лига. Ја знам дека Попов д Албион Мен е шупак, али ниту Лазевски ниту Ристовски го немаат тој квалитет (не се ни блиску). Јас знам дека дисциплина треба да се поштуе и све, али дај нека седнат Чеде и Попов да израмнат тие глупостите пошто црно ни се пишуе овака. Георгиевски ја еба работата, ама после таа повреда можам и да разберам. Меѓутоа факат дека нема квалитет да го чува Азар. Средниот ред и нападот едноставно не функционираа....
Кога и да дојдеше ситуација три на три или четири на четири, имаше еден у жуто што не знае што треба да прави со топката. Откако сконтавме дека ништо од нападот не бива денеска, сите надежи ги фрливме у одбрана, а на трибини секоја избиена топка у корнер на нашите ја прославувме како гол у мрежата на Белгија. Не издржа срце јуначко или нога (т.е. глава) киксерска ако сакате и после 1:0 на сите некако ни беше јасно дека нема враќање. Нити Ибраими, нити Пандев не покажаа дел од својот квалитет, а кога најдобрите играчи ти ги нема нигде на терен, нема што да бараш на гости.
Откога заврши утакмицата морам да кажам искрено дека сите играчи од прв до последен излегоа големи педери. Може 400 души не се многу, ама имаше луѓе кои цел ден патуваат за да дојдат на стадион. Поврх свега, температурата беше околу минус 5 и сите измрзнавме као знаете што. Иако играа катастрофа, сите до еден издржаа до крај на тој студ. А нашите звезди, откога си ги сменија дресовите со скапите Белгијанци, како женски полови органи се стрчаа у соблекувална без да ги отпоздрават сопствените навивачи. Нешто што хрватските играчи го направија у Велс и англиските во Подгорица...нашиве мислат дека се подобри или што?
Ова е трет пораз на репрезентација кога идам да ја гледам во тој дел од Европа. После Амстердамските 4:0, и онаа катастрофа против против поштарите и водоинсталатерите од Луксембург трет пат влагам у кафана после утакмица со наведната глава. Стварно да се замилси човек....а од друга страна па се тешам дека ионака не победуеме баш у гости. Плановите за Велс се направени. Можеби изгубивме шанса за квалификација, ама циклусот треба да си го одработиме, барем ние будалите до крај. А у Британија секогаш добро сме проаѓале.