Од оние фудбалери кои беа во комбинираниот состав на пријателскиот натпревар против Полска, очекувањата на Јаневски ги оправдаа само Дејан Блажевски, Предраг Ранѓеловиќ, и Даниел Мојсов и тие повторно добија повик во репрезентацијата. На списокот повторно се најде и младиот Стефан Ристовски, а ќе недостасуваат повредените Даниел Георгиевски, Ванче Шиков и Ферхан Хасани.
Голмани:
Мартин Богатинов - Карпати/Украина
Томе Пачовски - Мехелен/Белгија
Одбрана:
Александар Тодоровски - Полонија/Полска
Бобан Грнчаров - Ботев/Бугарија
Стефан Ристовски - Бари/Италија
Николче Новески - Мајнц/Германија
Бојан Марковски - Аполон/Кипар
Александар - Лазевски Партизан/Србија
Даниел Мојсов - Таврија/Украина
Среден ред:
Мухамед Демири - Тун/Швајцарија
Остоја Стјепановиќ - Вардар
Дарко Тасевски Кајрат - Шмона/Израел
Предраг Ранѓеловиќ - Вардар
Дејан Блажевски - Турново
Никола Глигоров - Алки/Кипар
Напад:
Иван Тричковски - Бриж, Белгија
Горан Пандев - Наполи/Италија
Мирко Ивановски - Астра Плоешти/Романија
Агим Ибраими -Марибор/Словенија
Александар Трајковски -Зулте Варегем/Белгија
Адис Јаховиќ - Цирих/Швајцарија
Натпреварот против Данска ќе се одигра на 6 февруари на националната арена „Филип втори" во Скопје.