Пад од една позиција на ФИФА листата

По константното искачување на ФИФА ранг листата кое траеше 5 месеци, фудбалската репрезентација на Македонија втор месец по ред забележува пад и на последното издание на рангирањето се пласира на 84-та позиција.

Во изминатиот период во светскиот фудбал немаше многу активности, па не беа забележани и поголеми промени на ФИФА ранг листата. Заради скокот на Сенегал од 12 позиции, македонската фудбалска репрезентација забележа пад за една позиција и 441 поен сега е на 84-то место.

Пред нас се Финска, Тринидад и Тобаго и Габон, а зад нас се Ел Салвадор, Конго и Куба.

Од нашата квалификациска група, Хрватска се наоѓа на одличното 4-то место, Белгија е 15-та, Србија е на 40-та позиција, Велс 49-та, а Шкотска на 78-то место.

Нема промени на врвот каде води Шпанија пред Германија, Аргентина, Хрватска, Португалија, Колумбија, Англија, Италија, Холандија и Еквадор, а Бразил е дури на 19-та позиција.