Јаневски го објави списокот за мечот против Белгија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2014 помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се игра na 22 март на арената „Филип Втори".

Предводникот на нашиот национален тим се одлучи за стандарден состав во кој се враќаат Даниел Георгиевски, Ванче Шихов и Ферхан Хасани, кои поради повреда не настапија на пријателскиот меч против Данска кој Македонија го доби со 3:0 минатиот месец.

Голмани
Мартин Богатинов (Карпати, Украина)
Томе Пачовски (Мехелен, Белгија)
Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија)

Одбрана
Александар Тодоровски (Полонија, Полска)
Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија)
Стефан Ристовски (Бари, Италија)
Николче Новески (Мајнц, Германија)
Ванче Шиков (Волин, Украина)
Александар Лазевски (Партизан, Србија)
Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија)
Даниел Мојсов (Таврија, Украина)

Среден ред
Мухамед Демири (Тун, Швајцарија)
Остоја Стјепановиќ (Вардар)
Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел)
Ферхан Хасани (Волфзбург, Германија)
Дејан Блажевски (Хоризонт Турново)
Никола Глигоров (Алки, Кипар)

Напад
Иван Тричковски (Бриж, Белгија)
Горан Пандев (Наполи, Италија)
Мирко Ивановски (Астра, Романија)
Агим Ибраими (Марибор, Словенија)
Александар Трајковски (Зулте В., Белгија)
Адис Јаховиќ (Цирих, Швајцарија)

Во петтото квалификациско коло за Мундијалот во Бразил 2014 година, селекцијата на Македонија влегува како четвртопласирана со вкупно 4 освоени бодови, исто колку што има и Србија, додека на првите две места се Белгија и Хрватска кои имаат по 10 бода. Велс е на петта позиција со 3 бода, а Шкотска е последна со еден бод помалку.