Во годината која изминува македонската фудбалска репрезентација одигра 10 натпревари на кои забележа 3 победи, 3 нерешени и 4 порази.
Фудбалската година ја започнавме со пораз од Луксембург со 2:1, а потоа следуваа двата натпревари без голови против Португалија и Ангола. Во август ја победивме Литванија со 1:0, следниот месец загубивме од Хрватска со 1:0, ремизиравме со Шкотска со 1:1, а во октомври на домашен терен загубивме од Хрватска со 1:2 и ја победивме Србија со 1:0. Во ноември ја победивме Словенија со 3:2, а годината ја завршивме со поразот од Полска со 4:1.
2012-та година ја започнавме на 103-та позиција со 333 поени, а ја завршуваме на 81-та со 436 поени и напредок од минатиот месец за 2 позиции.
Од нашите конкуренти од квалификациската група А за Светското првенство во 2014-та година најдобар рејтинг има Хрватска на 10-то место, следува Белгија на 21-та, Србија на 38-та, Шкотска на 72-та, а веднаш зад нас на 830та позиција е Велс.
На врвот на листата нема промени. Прва е Шпанија, пред Германија и Аргентина. На четвртата позиција се искачи Италија, а петта сега е Колумбија. Следат Англија, Португалија, Холандија, Русија и Хрватска, а репрезентацијата на Бразил падна дури до 18-та позиција.