Нашиот нацинален тим повторно покажа дека може да се носи со големите фудбалски сили како што е Белгија, која се наоѓа на 19 позиција на ранг листата на ФИФА. Избраниците на Чеде Јаневски играа цврсто и организирано во одбраната и успеваа да ги запираат акциите на домаќинот.
Првата закана пристигна од напаѓачот на Челси, Еден Азар кој биеше од околу 18 метри, но Томе Пачовски беше на вистинското место. На спротивната страна веднаш одговори нашиот капитен Пандев на два наврати, но ударите не делуваа опасни по голот на Куртоа.
Белгија имаше повеќе од играта и по 20 минути игра со силен удар кој заврши покрај голот се закани и Де Бруин, стрелецот на првиот гол за Белгија на првиот дуел во Скопје. Избраниците на Јаневски имаа свои моменти во нападот и се обидуваа да изненадат, но недостасуваше поголема дрскост во противничниот шеснаесетник.
Во вториот дел Белгија беше поопасна и поконкретна по нашиот гол. Прв се закани Николче Новевски со глава, а по 10 минути игра уште поопасен беше Бентеке. Во 59 минута пречката од работ на шеснаесетникот ја погоди Азар, кој во следната шанса по три минути, многу лесно го измами Георгиевски и го отвори резултатот.
Нашите репрезентативци се обидуваа да стигна до реми, но немаа прецизен удар во рамките на голот. Во 73 минута Пандев влезе во шеснаесетникот и од десно биеше над голот, а веднаш потоа Никола Глигоров пласираше силно но непрецизно.