Чеде Јаневски е на селекторската позиција во македонската репрезентација само шест месеци, но и во овој краток период успеа да направи промени во играта кои ги дадоа и првите резултати.
По солидниот старт на квалификациите за Светското првенство и ремито на гостувањето кај Шкотска и победата над Србија, УЕФА направи интервју со нашиот селектор за нивната вебстрана.
„Имаме квалитетни фудбалери кои играат во добри европски лиги како Пандев во Италија, Тричковски во Белгија, Попов во Англија, Новески во Германија, а го имаме и Ибраими кој со Марибор беше шампион на Словенија. Имаме и неколку млади фудбалери кои допрва ќе се пробијат и ќе се направи баланс на теренот помеѓу искуството и младоста."
„Мојот план беше да го промениме стилот на играта и да играме модерен фудбал и покрај тоа што имаме тешка група. Имаме добра организација, дисциплина и повеќе не играме дефанзивно", дополни Јаневски.