Ако веќе мораш да поминеш некое време во притвор, па уште и ако ти го земат мобилниот, сигурно е некоја утеха ако ти дадат барем да читаш. И замислете, на ваква благородна идеја дошол еден - полицаец!
Во својот престој во Јувентус, Конте често со бодликав стап знаел да ги опоменува играчите кои не трчаат на тренинзите. Од Челси сака да направи компактна екипа која ќе го игра најдобриот пресинг во Европа.
NearSt е нова платформа преку која лондончани можат да нарачуваат наслови од локалните книжарници и да ги добијат на домашна адреса. Предноста во однос на другите начини кои стојат на располагање - се помагаат локалните независни книжарници, и работата се завршува за еден час.
Необично, еден е од ретките во Велшката репрезентација кој зборува чисто на мајчин јазик. На дебито со 16 години за Кардиф, најдобриот другар го ишишал и го упропастил поради што морал да се бричи на нула. По тешката повреда во 2010, се врати уште појак и подобар.
Австралиската циркуска трупа Цирка под раководство на Јарон Лифшиц, која брои околу 20 луѓе, се обидува да ја издигне оваа изведувачка уметност над нивото на спектакл, комбинирајќи ја со музика, поезија, театар и архитектура.
Болејн Граунд, легендарниот стадион на Вест Хем замина во историјата на мечот против Ман. Јунајтед, а на трибините беше и Мејбл Арнолд, затоа што и таа е историја на овој клуб.
Човекот кој на 5 години првпат бил на стариот Хајбери, 36 години подоцна живее во стан на Западната трибина од каде низ прозорот гледа на некогашниот терен и се сеќава на амбиентот на овој легендарен стадион.
Во март 2013. година, Вест Хем Јунајтед на неверојатни 99 години го изнајми Олимпискиот Стадион во населбата Стратфорд во источен Лондон. На 10. мај, Чеканите ќе го играат последниот меч на саканиот Аптон Парк.
Наспроти вообичаената практика за отварање па затворање на некоја изложба, сценариото на оваа е обратно. Една лондонска галерија привремено се затвори, за во текот на тој прекин во работата, и во таа тишина, да се постават прашања во врска со современата состојба на уметноста и вредноста на уметничкиот труд.
Минатата сезона Лондонците играа во Лига Европа благодарение на фер-плеј рејтингот на УЕФА, иако во првенството завршија 12-ти. Сега се борат за место во Лигата на шампионите.
Арсенал, Челси, Тотенхем, Вест Хем, Фулам, Чарлтон и Милвол се клубовите кои може да ги гледате доколку се најдете во главниот град на Англија. Ова се сите стадиони во Лондон со убави 17 кадри.
Во паралелно интервју, двајцата Шпанци од Арсенал, Начо Монреал и Сантијаго Санти Казорла се прашуваат и одговараат еден со друг. Санти открива дека кучето му се вика Златан и плус други поединости.
Секогаш помал од другите, но подобар техничар кој во една вечер можел да испие колку сите соиграчи заедно. На теренот одлично крило, во дискотеките и клубовите кокаин и алкохол до раните зори. Незаборавниот Пол Мерсон.
Тој никогаш нема да даде 20 гола за сезона. Никогаш нема да биде топ шпиц, затоа што не знае да дава голови на важни натпревари. Критичарите само го мотивираа Французинот кој здиве.
Откако во април лани загуби во 1/4 финалето на Светското првенство од Стјуарт Бингам, Рони (40) реши малку да пододмори и се врати за Мастерсот кој се игра во Александра Палас во Лондон. Петкратниот светски шампион го победи Марк Вилијамс во првата рунда, но дуелот го одбележа со почетнички удар.
На Мастерсот во Лондон се случи сосема необичен настан во модерната снукер историја. Во шестиот фрејм од мечот од првата рунда меѓу Шон Марфи и Марк Ален, вториот водеше со 3:2 кога бранителот на титулата три пати по ред ја промаши црвената топка и го загуби фрејмот.
Сега кога Арсенал е сè поблизу до трофејот по кој очајува 12 години, избунаривме што се случуваше во светот таа 2004-та кога Топџиите никому не оставија шанса во Англија.
Наместо традииционалното висење по пабови, на новата генерација лондонци пораснати на социјални медиуми им се поинтересни некои други видови забава. Грнчарство, на пример.
Во Австралија, еден загрижен навивач на Топџиите ја крстил ќерка му по името на славниот клуб но прочитано од спротивна страна. Сопругата дознала дури после две години од каде дошла идејата.