Подемот на Чеканите од источен Лондон

Секс, Вест Хем и Рокенрол

Минатата сезона Лондонците играа во Лига Европа благодарение на фер-плеј рејтингот на УЕФА, иако во првенството завршија 12-ти. Сега се борат за место во Лигата на шампионите.

Мнозинството смета дека тимот од Аптон-парк е како надуен балон (прекарот им е bubbles-/балончиња) кој ќе пукне и ќе ги врати во средината на табелата, но работите стојат поинаку и нивниот престој горе на табелата не е случаен. 

Нивото на конкуренција во Премиер лигата е јасно зголемено во однос на претходната сезона, но поради неверојатниот успех на лидерот Лестер, подвизите на другите клубови паднаа во втор план.
 
Секс

Во сезоната 2009/2010, Чеканите паднаа во финансиски вртлог. Сопственикот на клубот Бјорголфур Гудмундсон се изгоре од колапскот на банкарскиот систем на Исланд, а Вест Хем се давеше во долгови. Ваквиот развој на настаните беше прав подарок за бизнис ортаците Дејвид Голд и Дејвид Саливен, кој уште во 1993. година се обидел да го купи Вест Хем со кој бил врзан уште од школските денови. Стечаецот Гудмундсон им бил последна етапа од трката да го купат клубот од источен Лондон.
 
Голд и Саливен станале познати уште во ’70-те години, иако богатството го заработиле од порно индустријата. Партнерите почнале со издавање и продажба на часописот Еротик, потоа објавиле неколку порно филмови, а на крајот организирале интимни средби и запознавања по Лондон преку агенции.

Сево ова заврши со истражувачко новинарство и два месеци затвор за Саливен, меѓутоа тој не заборавил на страста кон фудбалот ниту во затвор. Голд долги години го издаваше фудбалскиот часопис Старс, а на почетокот на ’90-те години Саливен го купил Бирмингем.
 
Во октомври 2009. година го продал Бирмингем за астрономска сума на милијардерот од Хонг Конг Карсон Јенг, а неколку месеци подоцна Голд и Саливен станаа сопственици на Вест Хем. „После продажбата на Бирмингем сакав да направам пауза од фудбалот, но тогаш дојде повик кој не можев да го одбијам - да го спасам Вест Хем", изјави Дејвид Голд на времето. Сонувавме 20 години тимот да прејде во раце на Лондонци, така што ова е голем ден за навивачите на Вест Хем".

На местото потпретседател дојде Карен Брејди која претходно била директор во Бирмингем. Иако кога го поставиле за потпретседател на Вест Хем имал само 23 години, таа се покажала како одличен менаџер. Сега Брејди неофицијално е меѓу највлијателните жени во англискиот фудбал.

Во својата прва сезона со новите луѓе Чеканите испаднаа во Чемпионшип и дополнително ја закомпликуваа и онака тешката финансиска ситуација.

Но брзо се вратија, за една година во елитата и во 2013. година клубот соопшти неверојатна вест за фановите: Вест Хем Јунајтед го победи Тотенхем на тендерот за правата за користење на Олимпискиот стадион во Стратфорд (Лондон). Сезонава е последна за Вест Хем на Болеин Граунд, а веќе од август ќе играат на 54.000 капацитетниот Олимписки стадион.

Уште еден мудар потег од финансиска гледна точка.

Вест Хем

Паралелно со економијата, шефовите го средуваа и составот. Кај Голд постоело правило: „Една работа која никогаш нема да ја направам е да преплатам играч со многу пари. Тоа е лудост - да платиш за фудбалер 10, 21 милион и да ти седи на клупа"

Дејвид ја цени секоја фунта, така што не купувале играчи по секоја цена, но тоа не значи дека се откажале од купување квалитетни играчи.

Имало и скапо аквизиции, како на пример 15 милиони вредниот Ендри Керол во 2013-та. Тој често беше повреден, малку играше но набрзо стана џокер на тимот. Не е исклучено летово да замине во Сандерленд кај поранешниот тренер на Чеканите, Сем Алардајс.

Од друга страна, Вест Хем во целост го освежи тимот. Во 2013-та го земаа бесплатно голманот Адријан Кастиљо кој секоја сезона е близу до титулата најдобар голман во Премиер лигата што потврдуваат и статистиките. Придонесот на Адријан е од непроценливо значење.

Година дена подоцна ги купија Кујате и Крисвел. Сенегалецот одигра фантастична дебитантска сезона и се забетонира до Марк Нобл, а Крисвел дојде од Ипсвич и во првата сезона ги одигра сите натпревари од почеток до крај. Главна аквизицја следната сезона беше Димитри Паје, кој го купија за 12 милиони фунти, а им врати речиси двојно повеќе со настапите.

Покрај Паје, во нападот блескаат и Аргентинецот Ланзини, крилото Антонио, како и поранешниот стопер на Јувентус, Огбона. Најважно за Вест Хем е што клучните играчи, Адријан, Паје и Кујате неодамна потпишаа нови договори и немаат намера да го напуштат клубот. Управата разгледува нови засилувања за на лето, а се споменуваат францускиот талент Батшуаи, Един Џеко, Бентеке, Габјадини и други врвни играчи.

Рокенрол

Доаѓањето на новите сопственици значеше и нова филозофија. За нив Вест Хем не е играчка како за азиските магнати, туку предмет на обожување и страст, така што во него ставија и парче душа.

Што друго може да се очекува од поранешни порно режисери? Од таа точка на гледиште, најдоа сродна душа во Славен Билиќ, Хрватот познат по љубовта кон свирките и хард-рокот со неочекувани тренерски потези. Билиќ одлично се вклопи во оваа група на бунтовници.

Сем Алардајс се покажа недостоен за современиот концепт на Вест Хем. Премногу бил конзервативен, внимателен, типично англиски резервиран. Билиќ - сушта спротивност.

Разликата меѓу Хрватот и Алардајс е таа што првиот ѝ пркоси на секоја разумна логика. Сезонава Чеканите покажаа парадоксални резултати. „Бендот" на Билиќ ги истепа речиси сите фаворити: Арсенал, Манчестер Сити, Челси, Тотенхем и два пати Ливерпул. Вест Хем три бода им зема и на Лестер и Тотенхем.

Додуше им следуваат нови дуели со Арсенал, Лестер и Јунајтед, но Вест Хем е во состојба да ги победи сите три екипи. Чеканите понекогаш изгледаат несмасно, но Славен Билиќ ја покажа способноста да менува неконтролирано и на тој начин да влијае врз екипата, а на противникот му е тешко да му се спротивстави на непредвидливиот Вест Хем.

Нивните шанси за влез во ЛШ се мали, но дополнителна мотивација на Чеканите ќе им биде новиот стадион на кој ќе играат од следната сезона. Клубот се развива и наскоро некој од гигантите ќе мора да им отстапи место на врвот.