Облечени добро, се однесуваат лошо

И старите хулигани на Вест Хем ќе жалат по Аптон Парк

Во март 2013. година, Вест Хем Јунајтед на неверојатни 99 години го изнајми Олимпискиот Стадион во населбата Стратфорд во источен Лондон. На 10. мај, Чеканите ќе го играат последниот меч на саканиот Аптон Парк.

Како што се подготвуваат да се преселат после 112-годишна историја и сеќавања, навивачите чијшто живот се одвива околу стариот стадион во Болејн Граунд, сè повеќе жалат што го напуштаат храмот Аптон Парк.
 
Околу него пабови, антикварници, црква, сендвичара, метро постојки, токму оние од каде на гостувања тргнуваше легендарната хулиганска група InterCity Firm во чија чест се снимија неколку филма од кои најпознат секако е Green Street Hooligans.
 
Чеканите во сабота против Свонси ќе го играат претпоследниот меч на Болејн Граунд, а прошталниот е закажан за 10. мај следниот вторник кога во Лондон ќе гостува Манчестер Јунајтед. Иако жалат за стадионот, преселбата на ново место ќе значи и многу поголем капацитет за навивачите на клубот кој ќе игра во Европа.
„Не знаеме дали тие дополнителни 25.000 луѓе ќе носат амбиент и атмосфера каква што имаше во нашиот традиционален дом кога игравме дома или ќе се загуби дражта на Аптон Парк“, вели Колин Барнет, редовен навивач.
Олимпискиот стадион во Лондон беше изграден за потребата на ОИ 2012 година и чинеше 280 милиони фунти. Вест Хем го изнајмил за 15 милиони фунти, но со неколку ставки, како што е онаа дека киријата ќе се намали на 1,25 милиони фунти годишно ако Чеканите испаднат во Чемпионшип. Прв тим што ќе го отвори новиот дом на Вест Хем ќе биде Јувентус и тоа на една недела пред почетокот на Премиер лигата следната сезона.
 
Фина сторија за луѓето на кои најмногу ќе им фали Аптон Парк
 
Сцена од филмот Хулиганите од зелената улица, посветен на ривалитетот меѓу Вест Хем и Милвол:
 
 
Реални сцени на ривалство меѓу Вест Хем и Милвол: