Болејн Граунд, легендарниот стадион на Вест Хем замина во историјата на мечот против Ман. Јунајтед, а на трибините беше и Мејбл Арнолд, затоа што и таа е историја на овој клуб.
По 112 години емоции, Вест Хем синоќа се прости од Болејн Граунд, стадионот кој многу значи за источен Лондон. „Чеканите" ќе играат на модерниот Олимписки стадион кого го изнајмија на 99 години.
Во март 2013. година, Вест Хем Јунајтед на неверојатни 99 години го изнајми Олимпискиот Стадион во населбата Стратфорд во источен Лондон. На 10. мај, Чеканите ќе го играат последниот меч на саканиот Аптон Парк.