Wonderush е еден англиски сервис со претплата, кој го применува моделот на Нетфликс на излегувањата во град. За 30 фунти месечно добивате неограничен влез за цела низа настани, содржини и активности во градот.
За само 6 месеци овој старт-ап успеа да привлече 10.000 корисници а лани собра 500.000 фунти за годинава да се прошири на целата територија на Велика Британија.
Неодамна извадија топ листа на омилени активности на своите членови од која се гледа дека наместо вообичаеното пиење на шанк, младите генерации се пољубопитни за некои нови форми за забава.
Ултра популарен е шахот со боксирање, еден нов хибриден спорт кој ги комбинира менталните и физичките предизвици и во кој противниците наизменично играат шах и бокс. Младите сакаат и грнчарство, фитнес на шипка, танцување свинг, анти-гравитациона јога и слични егзотични измислици.
"Луѓето денес сè помалку трошат на материјални работи а сè повеќе на искуства," велат во сервисот. Напоменуваат дека иако ги охрабруваат своите корисници да пробаат нешто ново, и самите биле изненадени од популарноста на часовите по грнчарство.
Еве ја топ листата на најомилени видови забава и активности на лондонците кои го користат Вондераш:
- Грнчарство
- Стендап комедии
- Шпиунски искуства
- Шах со бокс
- Танцување свинг
- Играње на шипка
- Раскажување приказни
- Африкански тапани
- Антигравитациона јога
- Правење коктели