Таг: ковид-19

Индија е глобално предупредување, не локален проблем

Индија како најголемиот глобален производител на вакцини, пред некое време ја надмина границата од 345.000 новозаболени од ковид-19 во еден ден.

Сложни министри тајно вечераат

Париското јавно обвинителство започна истрага околу сведоштвата објавени од медиумите на луѓе кои тврдат „дека јаделе во два или три тајни ресторани со одреден број на министри“.

„Перењето“ на Вухан

Извештајот на Светската здравствена организација за потеклото на Ковид-19 е одек на кинеската пропаганда, пишува Вол стрит журнал во својот едиторијал.

Ковид сепак најверојатно, скоро па сигурно, е пренесен од животни на луѓе

Сценариото дека ковид-19 е создаден и протекол од лабораторија е „екстремно неверојатна“ се наведува во извештајот од заедничката истрага на СЗО и Кина за потеклото на пандемијата.

Дијабетес, копилето на ковид-19

Над 350 доктори од цел свет тврдат дека има се поголем број докази дека ковид-19 може да предизвика дијабетес (и тип 1 и тип 2) кај некои пациенти, една подгрупа од нив дури тврди дека ковидот може создал целосно нова форма на дијабетес.

Што се случи со истрагата на СЗО за потеклото на ковид-19 во Кина?

Најголемото олеснување што денес се чувствува е што може отворено да се зборува за потеклото на ковид-19 (дали е од лабораторија или од животно...) без притоа да звучиш како да го поддржуваш и цитираш Трамп. Кога СЗО тргна со истрагата во Вухан целта беше непогрешливо да се утврди потеклото. Целта, за сега, не е постигната.

Мајмуните во зоолошката во Сан Диего вакцинирани за ковид-19

Има добра и тажна вест. Добра вест е што мајмуните се први живи суштества што не се луѓе кои се вакцинирани од вирусот. Тажна вест сме ние тука, општо.

СЗО: И на 2021 турете ѝ пепел

Не дека некој имаше оптимистички очекувања, ама многу е полошо кога главниот глобален авторитет за здравство ќе ти потврди дека светот ќе мине уште една година во друштво на пандемијата.

2020 Јапонија ја завршила со помалку умрени од вообичаено

Сред пандемија која незапирливо хара низ планетава, во Јапонија падна бројот на смртни случаи главно затоа што кога решија да се пазат се пазеа како што треба.

ЕУ имала над 450.000 натпросечно повеќе смртни случаи меѓу март и ноември

Поуката што некои ќе ја сфатат е не може ЕУ да ти брои колку луѓе ти умреле за време на мандат како директна последица на твојата неспособност, ако не си членка на ЕУ.

Народот беше во право

Ви кажавме. Ви кажавме дека ЕУ не е некоја хипиевска, интернационалистичка екипа туку само за себе заинтересиран протекционистички блок. Ви кажавме дека е склеротична бирократија чија централизација на моќта се повеќе и повеќе им отежнува на земјите членки да се однесуваат како демократски нации и соодветно и брзо да одговорат да потребите на сопствениот народ.

Ковид тестирање, не благодарам

Може да се случи наскоро со радост да се потсетуваме (и ние и докторите) на времето кога тестовите за ковид-19 се правеа со забивање на тоа стапчето во нос, откако кинеските медиуми објавија дека имаат нов многу попрецизен метод на тестирање во кој брисот се зема - анално.

Една маска ко ниедна?

На една страна од светот (САД) експерти предупредуваат дека не само што најразличните шамии и текстилни маски не се доволни, туку треба да се носат најмалку две „обични“ маски. На сосема друга (Австрија) обичните маски не се признаваат како доволни и задолжителни ќе бидат само со минимум ФФП2 заштита.

Ако СЗО не ти расипе расположение, кој?

Пандемијата на ковид-19, оваа што моментално ја преживуваме и што му крена „рачна“ на цел свет, и не мора да значи дека е од големите, се зборовите на организацијата која со месеци не можеше еден крај да пофати – СЗО, која има што да каже и за вакцините.

Како Јужна Кореја е толку добра во справување со коронавирусот?

Да, де, и тие се луѓе и ние сме луѓе, и тука отприлика застануваат сите сличности меѓу нас и нив (па и остатокот од светот и нив).

Русите на крај ја оплескаа со Спутник вакцината

Не, не, вакцината уште е добра, уште го има високиот процент на имунизирање, и уште важи сето тоа што беше објавено по светските медицински журнали, и уште се произведува и се вакцинираат луѓе со неа, само неодамна насоките околу Спутник вакцината беа надополнети со неочекувано ново правило - вакцинираните 2 месеца не смеат да пијат алкохол.

Прашањата што ковид-19 вакцините сѐ уште треба да ги одговорат

Самото тоа што пред крајот на 2020 во светот ќе почне вакцинирање против ковид-19 е натчовечки подвиг, кој беше неопходен поради глобалниот хаос што го направи пандемијата. Меѓутоа глобалната итност не го менува фактот дека има уште многу работи што треба да се знаат за вакцината.

Имунитетот на стадо е мистерија

Главниот шведски имунолог и човек кој стои зад веројатно најконтроверзното справување со ковид-19 на планетава, Андрес Тегнел, објаснува дека се уште остануваат главните нејаснотии околу тоа како функционира имунитетот на стадо.

Здравствени работници и стари лица први во ред за ковид вакцина

Американското ЦДЦ приоритет за вакцинирање од ковид-19 им даде на здравствените работници на земјата и возрасните лица кои долги години живеат во старечки домови.

Кина не запира во обидите да ја смени приказната за настанокот на ковид-19

Додека светот се бори да ги пофаќа илјадниците случаи на ковид-19, Кина (која со милијарда и триста луѓе упорно стои на околу 87.000 заразени) активно работи да ја смени приказната за тоа од која држава дојде вирусот.

Австрија и Германија ќе ја спукаат заради викенд скијање?

Да не излезе дека ЕУ е создадена само за правање пари, ама двата соседа и главно сојузници низ серија историски настани се пред невообичаено отворен судир откако Меркел побара да нема скијање во ЕУ за божиќните празници.

Од Москва не полета цел авион полн со лажњаци негативни тестови за ковид-19

Речиси 200 патници на летот од Москва до Џенгџоу прикажале комплетно идентични негативни тестови за коронавирус заради што авионот останал на пистата на аеродромот во Москва.