Копиите на очигледно лажните тестови биле воочени од кинеската амбасада, откако Кина од неодамна побара сите патници што влегуваат во земјата дополнително да прикажат и негативен серолошки тест, заради растот на увезени инфекции во земјата.
„Не постои начин како да се гарантира точноста на овие тестови и како резултат на тоа патниците не можеа да добијат ’здравствен број’ за качување на летот,“ изјавуваат од кинеската амбасада во Москва.
Кинезите побарале објаснување за тестовите, меѓутоа ниту авио-компанијата Пегас флај, ниту организацијата што го спровела тестирањето „не можеле да дадат разумно објаснување за идентично истите резултати на тестовите“. Од амбасадата побарале авио-компанијата повторно да ги тестира патниците и да им обезбеди сместување до следниот лет.
Уште летово кинеската амбасада во Москва предупреди дека дел од нејзините граѓани прават фалсификат негативни коронавирус тестови за да можат да заминат дома од Русија.
Русија во февруари забрани влез за кинески државјани за да го спречи ширењето на ковид-19 (па потоа попушти). Во ноември Кина ја воведе истата мерка, забранувајќи го влезот на Руси со валидни визи, за да го спречи ширењето на ковид-19 на своја територија.
Русија до сега има потврдени 2,2 милиона случаи на ковид-10. Кина, каде вирусот започна пред една година, до денес има вкупно 86.500 случаи.