Таг: кина

900 милијарди долари вредниот "Пат на свилата" на Кси Џинпинг

За едни новиот Пат на свилата е кинескиот план за создавање нова империја, за кинескиот претседател ова е планот кој ќе доведе до ново "златно доба" на глобализацијата.

Кина на кафани има потрошено годишен БДП на Шведска

Не дека Швеѓаните нешто се кабаетлии и станале мрзливи последниве години, туку Кинезиве се 1,37 милијарди луѓе.

20.000 Кинези ќе создаваат конкурент на Википедија

Целта не ни е да ја стигнеме Википедија, туку да ја надминеме, изјави првиот човек на проектот за кој кинеската влада ангажираше 20 илјади истражувачи, академици и професори.

Некогашниот пијаница и шампион ја спасува Гранада од испаѓање

Шпанската Гранада во Примера е како неодговорен студент кој сака да ги реши испитите. Во последните пет години „Насриди“ редовно се спасуваа од испаѓање во понизок ранг а тенденцијата продолжи и сезонава.

Ричард Гир: Кинези не ми даваат да глумам во Холивуд

Одамна го немало со битна улога во голем филм а нему му е јасно зошто. Затоа што уверувањата и пријателствата имаат своја цена. Холивуд го држи кинескиот капитал а Ричард Гир е стар пријател со Далај Лама.

Што е попродуктивно од Кинез?

Кинез со армија роботи. И за идни референци, вака изгледа крајот на човечката работна сила. Таман мислиш ќе се уморат, они сами одат да се закачат на полнач.

Кинески судија не можеше да го следи Оскар

Бразилецот кој неодамна од Челси замина во Шангај веќе на дебито покажа колку е добар. Даде гол, имаше асистенција, а линискиот судија ненавикнат на таква техника се сопна.

19 згради вс. 5 тони експлозив

19-те згради се со висина од 7 до 12 спрата, а 5-те тона експлозив се распоредени на 120.000 позиции.

И Оскар од Челси падна во искушение за Кина

Иако има неполни 25 години и е на врвот од кариерата, Бразилецот Оскар го голтна мамецот од Кина вреден 60 милиони фунти и ризикува остатокот од светот да не ја следи неговата кариера ако замине на далечниот исток. Што е негативна страна на трансферот во Кина?

Фудбалерот кој заработува повеќе од Меси и Кристијано Роналдо

Кога имал две години татко му ги оставил, а мајка му заработувала многу малку како хигиеничарка. Но фудбалот му го правел среќно детството. Поради кавга со тренерот на Бока како дете три месеци го напуштил фудбалот и учел за електричар.

Како Кинезите сокрија 25 милиони девојчиња

Политиката на едно дете во изминатите неколку децении доведе до исчезнување на речиси 60 милиони девојчиња во Кина. Излезе дека за половина од овие девојчиња само никој не поднел документи кога се родиле.

Кинескиот град на море од 100 милијарди долари

Технички се наоѓа во малезиски територијални води, во пракса го гради и плаќа кинеска компанија. Распореден е на четири острови, треба да смести 700.000 илјади луѓе, а од февруари до сега продадени се вкупно 8.000 станови.

Како се купува куќа со ајфон од дечкото

Треба да го најдеш таков што ќе можеш да го убедиш дека ако те сака, ќе ти го купи најновиот ајфон 7. И така едно 20 пати.

Папис Сисе даде необјаснив гол во Кина

На дуелот од кинеската лига меѓу Шангај Телејс и Шендон Лунен, некогашниот фудбалер на Њукасл и Челси даде многу чуден гол.

Не секој клуб е задоволен што има газди Made in China

Никој не ветува како кинеска компанија која влегува во фудбалски клуб. Камиони, милиони, билиони се споменуваат на презентациите, а подоцна навивачите сфаќаат дека не е баш сè така розово со сомнителните фондови од Азија.

Има и полошо од нас, Кина загуби од Сирија

Група незадоволни кинески навивачи изглеле на улиците и барале оставка од претседателот на фудбалската федерација на Кина после тешкиот пораз од земјата во која 5 години непрестано се војува и е целосно разружена.

Бразилецот од Партизан кој го одби Ливерпул за Кина

Те бара славниот Ливерпул чијшто тренер ти кажува дека те сака во тимот затоа што си гол машина, а ти одбиваш и решаваш за многу пари да играш во Кина каде фудбалот уште не бил како денес. Ни приближно како денес и дресовите си ги переш сам дома.

Зошто во Кина намерно се убиваат пешаците кои ќе се згазат

Да, ова звучи како луда урбана легенда. За жал, не е. Кинезите дури имаат и изрека за тоа која им гласи "подобро да го убиеш отколку да го повредиш". Зад ваквата ужасна практика не стои ништо друго освен - логика.

Кинеската цивилизација не е оригинал кинеска?

Во дебата која без проблем би победила на кое било првенство за криза на идентитетот, Кинезите моментално се расправаат дали нивната цивилизација всушност потекнува од Египет и е започната од бегалци од таа земја.

Е мој Жервињо

Некогашниот фудбалер на Рома, Арсенал и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо кој сега игра во Чајна Хебеј Форчун на мечот против Хенан Џијанје грубијански стартуваше врз противнички фудбалер во 83. минута и доби диркетен црвен картон.

Воинот на брег

Во југоисточниот град Џингоу е подигнат споменик на легендарниот кинескиот воин Гуан Ју. Споменик од типот висок 58 метри (Воин на коњ сосе столбот е околу 25 метри), тежок 1320 тони, составен од 4.000 бронзени плочи, а во него има и музеј од 8.000 метри квадратни.

Кинеските пари во ветер или за развој?

Кина постави цел: пласман на Мундијал и Олимписки Игри и освојување на Светско првенство. За таа цел не жалат пари и минуваат низ вториот бран астрономски трошења во фудбалот.

Зошто патуваме?

Tекст на Сомерсет Мом, британски писател, еден од најдобро платените автори во 1930-тите. Неговите полухедонистички-полуетнографски мотиви за патувања ни се блиски, а притоа не мислиме на одмор преку агенција на Халкидики. Иако, зошто да не? И таму, пишувајќи на колена во некој чамец, можете да водите белешки за необичните луѓе кои сте ги сретнале, а кои не се вклопуваат во ниту еден вам познат тип. 

Куќа се од корен корнеше, буквално

Во делови од Кина периодов се случуваат поплави кои направија прилично штета, а имаше и жртви. Ако е нешто позитивно околу видеово, е што тука немаше жртви.