Протести во Пекинг против фудбалската федерација

Има и полошо од нас, Кина загуби од Сирија

Група незадоволни кинески навивачи изглеле на улиците и барале оставка од претседателот на фудбалската федерација на Кина после тешкиот пораз од земјата во која 5 години непрестано се војува и е целосно разружена.

Претседателот на Кина Џи Јинпинг минатата година најави фудбалска револуција во неговата земја и вети дека Кина мора да стигне до финале на едно Светско првенство во иднина.

Ако денот по утрото се познава, тогаш Кинезите треба да бидат среќни ако воопшто се пласираат на претсојниот Мундијал во Русија 2018. година. Ништо од супермоќта на Кинезите во фудбал барем не за сега.

Илјадници фудбалски академии се изградија ширум земјата, повеќе од 100.000 фудбалски игралишта во секоја провинција. Кинезите платија многу пари за нови играчи и тренери од странство, пред се од Бразил со цел да го развијат фудбалот.

Нивните амбиции за пласман на СП синоќа ги намали Сирија која во Сиан славеше со 0-1 со голот на Ал Мавас (23) пред 50.000 гледачи. Не би требало да потсеќаме на што не асоцира Сирија во последните години, па од таа причина чуди како една земја која е пеплосана од тешки воени судири успеа во фудбалски меч да ја победи Кина.

Сирија е 114. рангирана на ФИФА ранг листата, а Кина 78-ма, но тоа не им значеше многу на Сиријците кои си заминаа од Кина со три големи бода во трката за пласман на СП2018.

The Global Times, провладин таблоид во Кина пишува дека Кинезите доминирале во поседот на топката, но во вториот дел „ги оладил“ голот на Махмуд Ал-Мавас кој воедно драстично ги намали шансите на Кина да се пласира во Русија.

The Tencent Sports пишува дека големи групи незадоволни навивачи протестирале пред стадионот после мечот и барале претседателот на Кинеската фудбалска федерација Чаи Женуа да биде избркан.

„Синоќа Сирија, земја зафатена со војна долги години чијшто селектор заработува 2.000 јуани (240 фунти) месечно ја порази Кина чии играчи заработуваат милиони јуани. Време е репрезентацијата добро да подразмисли“, пишува критички настроен текст на Weibo.

 

Во целата ситуација, најнеобично барање на навивачите било селекторот Гао Хонгбо да биде отпуштен, а на негово место да се постави Ланг Пинг, жената селектор на женската одбојкарска репрезентација која освои злато на ОИ 2016 во Рио.

Групата А во азиските квалификации за СП2018: