Кинескиот капитал одамна е влезен во многу сфери на американскиот живот и токму тој денес финансира добар дел од холивудските филмови. А Ричард Гир се смета за тибетски будист, голем пријател е со Длај Лама и доста непријатни зборови оддели за Кина кога во 1993 година, на доделувањето на Оскарите го забоколи сценариото и кажа што му е на душа кога ја претставуваше категоријата за најдобра режија.
„Постојат филмови во кои не смеам а глумам бидејќи Кинезите викаат: „Не, само тој не!“ Неодамна дознав и дека циркулира забрана за финансирање на мои филмови бидејќи тоа би ги вознемирило Кинезите“, се исповеда Гир за Холивуд Репортер.
И после оскаровската контроверза, тој не престана да ја ремети Кина и состојбата со човековите права, повикуваше на бојкот на Олимписките игри во Пекинг и не престана јавно да се залага за тибетската кауза за самостојност од големата земја.
Сепак вели дека не жали за состојбата во која се наоѓа бидејќи има и доволно пари а и она што во Холивуд е дефицитарно - слобода.
„Бев доволно успешен последните три децении да можам сега да си дозволам да играм само во мали филмови. Освен тоа, не ми недостасува Холивуд, нешто не сум претерано загреан да глумам исушен Џедај“, вели офицерот и џентлменот.