Таг: јазик

Зошто „лошите“ во цртаните зборуваат со странски акцент?

Телевизијата, филмовите и сериите се значаен извор на културолошки пораки за децата. Ако злите или пародизираните ликови во нивните омилени емисии зборуваат со странски акцент, дали тоа може да има импликации поврзани со начинот на кои тие го разбираат „другиот“? 

Како се вика „оргазам“ на 27 јазици?

Објавен во списанието Metaphor and Symbol, текст под овој наслов истражува како се концептуализира сексуалниот оргазам во повеќе различни култури, притоа обидувајќи се да понуди идеален когнитивен модел за сексуалната желба - нешто помеѓу доаѓање и заминување, многу живот и малку смрт.

Ние во Шведска работиме, зборуваме шведски и почитуваме шведски закони

За да не си натоварат етикета дека се нетолерантни кон малцинствата, шведски политичари се парализираат ако треба да зборуваат за омразата и насилствата кои доаѓаат од редот на оние на кои земјата им пружи уточишта од омраза и насилства. Опозицијата смета дека е време да се повторат некои базични лекции за интеграција и соживот.

Еволуција на англискиот во бегалските кампови

Масовните движења на население логично предизвикуваат демографски, но и културолошки промени. Во случајов се работи за еволуција на англискиот јазик на местата каде се концентрираат бегалци, на пример во пренаселениот камп Морија, на островот Лезбос.

Koга снемува зборови за опис на ужасни настани

Светов историски знаел да биде и поопасен и поужасен, ама тоа е мала утеха за некој кој денес е под постојан наплив на информации за терористички напади и природни катастрофи. Една нуспојава на оваа вербална врева околу овие теми е - што снемува зборови тие да се опишат.

Јазичкиот експеримент на кралот на Шкотска

Додека се занимаваме со нашиот закон за јазиците, да видиме како на крајот на 15-тиот век еден владетел се обидел да покаже кој е најстариот јазик, оној оригиналниот, даден од Бога, преку експеримент кој подразбирал целосно отсуство на каков и да е говор.

Зошто на планетава се зборуваат толку многу јазици?

Во моментов во светот се зборуваат околу 7.000 јазици. Понекогаш и на сосема мали територии - на пример нa островот Макелуа во Јужниот Пацифик, кој е долг 100 а широк само 20 километри, се зборуваат 40 различни не дијалекти, туку одделни јазици. Зошто толку многу?

Јазичка војна во Светската банка за едно „и“

„И“-кањето во текстови е показател на низок стил, трупање зборови за целата работа да делува по „барокно“, и да се каже нешто што може да се каже во неколку одделни реченици и да не се знаело за точка и уште ли има за набројување...Некој во Светска банка многу се изнервирал од ваквата епидемија на „и“ во службените извештаи, и решил да преземе чекори. 

Koлку нијанси лутина постојат?

Горчина. Јарост. Бес. Палетата чувства кои би можеле да се категоризираат под „лутина“, рефлектирана и во јазикот, варираат и во интензитет, и во тоа кон што се насочени. 

Феноменот на фрлање „дигитални трошки“

Минатата година најпопуларниот збор во врска со врски беше „гоустинг“, ненадеен прекин на секаков контакт со партнерот/ката без објаснување, што вклучува игнорирање пораки, јавувања и неодговарање на мејлови. Во меѓувреме работата стана уште полоша. А што има полошо од тоа некого да игнорираш? Да му фрлаш „трошки“.

Kинеското писмо кое го користеле исклучиво жени

Нушу е слоговно писмо, многу поразлично од традиционалните кинески идеограми. Од 19-тиот век се користел за пишување на специфичниот дијалект кој го зборуваат луѓето од провинцијата Хунан во јужна Кина. Но го знаеле само жените.

На кој јазик да се разведеме?

Кавгите околу тоа на чиј јазик да се зборува изгледаат како типично балканска занимација. За среќа, тука е ЕУ одвреме - навреме да нè потсети дека национализмите на Балканот дојдоа од Европа.

Измислени олимписки глаголи

„Глаголизирање“ (verbing) е процес преку кој именките почнуваат да се користат како глаголи на што, најблаго речено, не се гледа со симпатии од страна на оние кои се грижат за „чистотата“ на јазикот. Коментаторите на натпреварите на актуелната Олимпијада од англиското говорно подрачје масовно се обвинувани за ваквиот граматички грев. 

Што значи тоа „самец"?

Во Битола наводно има(ло) израз со кој се одредува статусот на возрасен маж - ако е „војнет", то ест бил во војска и е женет, значи има завршено голем дел од животните обврски. Но што е со оние мажи и жени кои не се во брак, и кои остануваат такви цел живот? 

Кои се најефикасните јазици на светот?

Сте дошле во ситуација да сакате да преведете нешто на македонски, и да ви се потребни многу повеќе зборови отколку во англискиот? Не е ни добро, ни лошо, туку едноставен лингвистички факт - некои јазици бараат повеќе детали за да формираат нешто што изгледа како заокружена реченица

Тестирањето како начин да се одљубиш од јазикот

„Јазикот е едноставен
тој е како дишење.
Излегуваме од матката подготвени за него...
Потоа доаѓа тестаторот.“ 

„Јазик" не постои?

Лесно е да напишеш текст со ваков наслов, а притоа да си Американец, професор на Колумбија и лингвист кој генерално се радува на разновидноста на дијалектите, промовирајќи го тоа мноштво пред идејата за еден единствен монолитен „јазик". Кога би го напишал наш човек, тоа веднаш би звучело како негирање и на јазик, и на народ, и на куќен совет и на роднини до трето колено. А објаснувањето некако има смисла.

Kaко имиграцијата го менува јазикот

Преселбите кон Европа, освен економски и политички (ќе) носат и лингвистички промени. Додека некои сметаат дека на тој начин некои од јазиците едноставно ќе исчезнат, други велат дека резултатот всушност ќе бидат нови дијалекти (жаргони, сленгови), создадени од сегашната генерација доселеници.

Харвард воведе родово неутрални заменки за своите студенти

Наместо само „тој" (he) и „таа" (she), Харвард и уште неколку американски универзитети воведуваат нешто како „ту" (ze), плус и можност да се користи неутралното „тие" (they) и кога станува збор за едно лице. Сега, при уписот или при каква и друга регистрација на факултетот студентите ќе имаат повеќе опции родово да се декларираат.

Што кажуваат, а што навистина мислат Британците?

Ги знаете оние таблици со „преводи" на она што го кажуваат жените и мажите, во она што навистина го мислат? Оваа е направена врз основа на национална припадност, то ест на феномен познат како „британскост".

Зошто повеќето јазици кубурат со зборови за мириси?

Ако сакате да објасните што е „јагода" некому којшто никогаш не го пробал ова овошје ќе имате куп зборови на располагање кои го опишуваат нејзиниот изглед (мала, црвена) или вкус (мека, сочна, слаткасто-киселка). Ама како мириса јагода? Па...јагодесто.

Вчера си поминавме „тексас"

За поголемиот дел од светот Тексас е држава во САД, каде луѓето шетаат со каубојски шешири и јаваат коњи. За Норвежаните тоа е збор кој означува луда забава, или дека некој или нешто е во хаос.

Девојката што го пее Мајкл Џексон на древниот јазик на Инките

14-годишната Рената Флорес се обидува да го смени стереотипното сфаќање за куечуанскиот како јазик на ниските слоеви, кој нејзините сограѓани се срамат да го зборуваат. 

Како преживеа каталонскиот?

Колку и да звучи чудно, забраната за користење некој јазик може да помогне тој да биде зачуван. Еден таков пример е романски јазик кој се зборува во Шпанија, Андора, дел од Франција и Италија, а кој на матичната територија долго и систематски бил потиснуван од шпанскиот.