Таг: јапонија

Голеада на Јапонија и Сенегал за чекор поблизу до следна фаза

Во една од повозбудливите средби деновиве на Светското, во групата Х, Јапонија и Сенегал ремизираа 2:2 и сега имаат по 4 бода пред последното коло.

Мексико е осминафиналист

Ако можеа да го треснат Светскиот шампион, тогаш зошто би им претставувала проблем една Јужна Кореја. Два меча, две победи за јужноамериканците кои си го продолжуваат патот на СП Русија. Голчиште на Ми Сон, ама дури во 93-та.

И јапонската држава шкрипи на сите страни

Како да не беше доволно што раштиманата јапонска железница годинава на два пати го утна времето за тргање возовите за по десетина секунди, сега и еден јавен службеник повеќе пати порано излегол на пауза за ручек.

Јапонците ја скротија Колумбија

Џабе се имињата како Радамел Фалкао, Хамес Родригез, Хуан Квадрадо и Карсло Бака, кога Колумбија си имаше работа со подобар противник. Јапонија изненади и со извонреден напаѓачки фудбал полн со шанси, заслужено стигна до првите бодови во групата Х. Првиот црвен картон на Мундијалот го доби Колумбиецот Карлос Санчез уште во 3 минута.

Ако сакате да имате омилен маратонец, нека биде службеникот што победи во Бостон

Се вика Јуки Каваучи, има 31 година, доаѓа од Јапонија и неговата победа комплетно ги изненади експертите и коментаторите на Бостонскиот маратон, ама не и неговите фанови низ светот.

На Саудиска Арабија и дојде до Сонцето

Во своето планирање за периодот откако ќе ја потрошат целата нафта Саудијците го најавија најголемиот проект за производство на соларна енергија во светот, со капацитет од околу 200 пати повеќе од најголемата соларна електрана што денес е во погон.

12-годишна Јапонка се спрема да вози во Формула 1

Џуџу Нода од Јапонија редовно победува на трките со нејзините врсници, возела во Формула 4 и на многу неофицијални натпреварувања иако има само 12 години. На нејзиниот феномен се чудат светските шампиони од Формула 1 кои ја поддржуваат да влезе во историјата.

Кога Јапонија ќе го повика Холивуд

Како што за добра свиња нема лоша помија, така и за добар хонорар нема лоша реклама, а Јапонците имаат хонорари, а и рекламите не им се нешто страшно лоши.

Принцезата на зрно пишман

Јапонската принцеза која лани гордо соопшти дека заради својата факултетска љубов се откажува од својот аристократски статус, реши да ја одложи венчавката. Ѝ треба време да размисли.

Јапонците се богови на снегот

Токио во понеделникот ги имаше најголемите наноси на снег во изминатите неколку години, со заглавување улици, прекинување железнички сообраќај и откажување летови. Еден ден подоцна сето ова беше средено, а Токио ги имаше некои од најдобрите снежни скулптури што некогаш биле направени.

„Брала мома капини“ стара јапонска песна

Сме виделе ние рокање, ама ова Јапонциве како ја подбраа „Брала мома капини“ ко преку Јутјуб да ќе им лепиме пари. И сред спот ги гледаш токискиве убер-хипстери (нема друго штом песнава и неколку слични ти се дел од репертоарот) како се нацртале на свадба сред Прилеп. Ова не се измислува.

Икигаи, или како Јапонците живеат толку долго

Името на концептот се преведува како „причина за живеење“ и е спојка од два јапонски збора икиру - да живее, и каи - реализација на сопствените надежи.

Канцелариски дронови против преработени Јапонци

Затоа што не се разбираат од збор дека не треба да работат прекувремено, јапонска компанија одлучи да почне да користи дронови за да ги брка своите вработени од канцеларија по завршување на работното време.

Јапонците умираат сами

Македонската мрза не чини ама и тоа јапонската опседнатост со работа има своја опачина. Откако се изнаработиле за доброто на својата компанија и татковина, старите Јапонци тераат старост во која нема кој да провери ни дали се живи. 4.000 стари луѓе умираат секоја недела, сами, најсами во свет. Ни деца, ни пријатели, ни куче, ни маче.

Марионка, личи на уморна

Иако капнати од работа, Јапонките не се откажуваат од бракот и идејата еден ден да најдат маж и да засноваат семејство. Проблемот е што капнати од работа, уморни се да го бараат.

Во Јапонија мајмун означи кога почнува мечот

Јапонскиот клуб Черезо Осака реши да ја забавува публиката а воедно и да му направи мерак на еден мајмун да му ја врачи топката на судијата пред мечот со Висел Кобе. Дури и дрес му облекле од екипата.

Австралија после 250.000 километри пат се пласираше на Светско

После 22 меча за 884 дена во далечни земји на крајот од светот, „Кенгурите“ заслужено обезбедија пласман на Мундијалот 2018 во Русија. Имаа убедливо најтежок пат до Светското.

Ниту во Македонија гемиџии, ниту во Јапонија камикази

Има една штосна - а пасент дарвинстичка - теорија зошто Македонците денес се вакви, никакви. Затоа што најголемите македонски херои имаат загинато премлади, пред да успеат да го посеат своето јуначко ДНК семе, па овој народ е резултат на генетскиот материјал на оние Трајко, Трпе и другите што траеле и трпеле. Та не сме саде ние, та не сме саде тука.

Јапонци на граница на издржливост

31-годишна Јапонка умира од преработеност откако во рок од еден месец само во прекувремено има 159 работни часови.

Нов јапонски тренд - правење домашни забави по западен терк

Јапонците сакаат да излегуваат со пријатели и да јадат по ресторани, но ретко канат луѓе дома. За земја којашто негува формалност во однесувањето, и во која просечниот стан е прилично мал по западни стандарди, ова е разбирливо. Ама таквата практика почнува да се менува.

5 репрезентации кои веќе се пласираа на Светско

За игра нема уште многу и се гледа крајот на квалификациите кои ќе завршат во октомври. Потоа во ноември ќе се играат драматичните баражи за тоа кои ќе влезе во последниот вагон за Русија. На тоа не мислат 5 селекции кои може да уживаат во пласманот.

Готвиме со Јапонки

Рецептот е за ракчиња, состојките ги имате внатре, времето за готвење е 3 секунди. Во овие 3 секунди е целата јапонштина што може да собере една реклама.

Како ЕУ го постигна својот најголем трговски договор

По 4 години исцрпувачки преговори, историскиот трговски договор меѓу ЕУ и Јапонија се крши врз еден проблем: меко сирење. Јапонците го имаат Сакура сирењето, кремаст специјалитет кој го добива својот шмек од ливчиња и цветови од планинска цреша. Европа има Камембер и Бри.